„Ќе ти порасне опашка од кафе“ и уште 10 работи што родителите ни ги кажуваа кога бевме деца (а не се точни)
Кога бевме мали и наивни, родителите ни кажуваа сè што ќе им паднеше на памет за да нè убедат во нешто. Признајте, долго време слепо верувавте во нивните приказни, но сега знаете дека дел од нив се измислени.
Ги прашавме Македонците преку анкета на Инстаграм кои се најголемите лаги што им ги кажувале родителите, а за кои денес знаат дека се лага.
Во продолжение погледнете што ни одговорија:
1. Ќе ти се залепат цревата ако голтнеш мастика.
2. Дојди, нема да те тепам.
3. Ако си лош ќе те земе Бабарога.
4. Дедо Мраз влезе низ оџакот да ти донесе поклон, ама ти спиеше и не го виде.
5. Дај ми ги парите од касичка, не ти ги трошам.
6. Ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе.
7. Учи за да не работиш.
8. Не излегувај од дома на полноќ, тогаш шетаат духови.
9. Те донесе штркот.
10. Изеди го гравот па ќе добиеш чоколадо.
11. Ќе се ожениш за Ромка ако зборуваш додека јадеш.
А. Ј. | Црнобело