Бегам од луѓето кои ми даваат совети, кои не сум ги побарала
Бегам од луѓето кои ми даваат совети, кои не сум ги побарала. Од оние кои постојано ме проценуваат, потценуваат или преценуваат, луѓе кои заземаат надмен став кога се зборува за што и да било, оние кои за сите знаат сè, а за себе поим немаат.
Ако не можам да се тргнам на страна од нив, тогаш се трудам барем да ги разберам, а во тоа ми помага – моето животно искуство.
Кога во еден период од животот ми опаѓаше косата, јас постојано на луѓето ја забележував нивната фризура, квалитет на влакно, бујноста на косата.
Кога во еден период од животот имав вишок килограми, тогаш во моето видно поле влегуваа само витки луѓе.
Кога морав да станувам рано за на работа, бев фокусирана на оние кои ја имаа среќата да спијат малку повеќе и сами да си ги организираат работните часови.
Кога бев тажна, ги забележував насмевките на среќните луѓе и тоа до најситен детаљ.
Па, на основа на тоа што луѓето забележуваат кај вас, можете со сигурност да утврдите што нив им недостига во животот.
И не е важно дали ве советуваат без да побарате, потценуваат или преценуваат... Тоа што ги боли на нас, всушност, ги боли на нив самите.
Имајте го тоа на ум...