Поделба на имот - добив стан, но изгубив брат

Смртта е тажна и тешка сама по себе, особено кога губиме некој многу близок и драг. Родител. Најпрво е шок, потоа полека сфаќаме што се случува и запаѓаме во длабока тага и непребол.

podelba-na-imot-dobiv-stan-no-izgubiv-brat-01.jpg

Но, дали сме сите исти? Дали сите исто страдаме?

Веројатно не, затоа што има и поединци од семејството кои веднаш го вадат дигитронот и почнуваат да пресметуваат колку и што ќе добијат по смртта на родителот. Како мршојадци, како да не се исто семејство.

Колку е тоа тажно...

Покојниот уште неиспратен, а живите веќе седнати на маса, со списоци што сè тој поседувал и борба кој може повеќе да зграби.

Децата во кавга, кој кого сакал повеќе, кој на кого што му ветил, златото како ќе се дели, па верување, па неверување и наеднаш, наместо да ја споделат тагата и загубата, наместо да помогнат на мајката која останала вдовица, тие се скарани уште пред првиот помен.

Семејството на тест, но никако не може да биде положен. Кога материјалното станува поважно од духовното, нема веќе тука фамилијарност, почит и меѓусебна поддршка.

Да, го почувствував ова! И да, страшно е и жално е! Сега немам брат, благодарение на имотот што го создале татко ми и мајка ми. Не разговараме веќе, зашто тој смета дека јас сум добила повеќе, отколку што заслужувам.

Јас не мислам ништо. Ништо не ми било битно, тоа што ми следуваше го добив и ништо повеќе. Но, за ненаситни луѓе и тоа е многу.

Откако се соочив со оваа ситуација, почнав да дознавам и за други такви случаи во мојата околина. И многу ми е жал. Семејства се распаѓаат заради имот, кој родителите го создавале за убаво. Не оделе на одмори, за ние да не плаќаме кирии.

Добив имот, доби и тој. Добивме сите. Но, изгубив брат. И се грижам за мајка која страда поради нашата некомуникација.

Се прашувам понекогаш дали вредеше, дали требаше целиот мој дел да му го дадам, но да го имам него.

Размислувањето и страдањето си траеше, почнав да одам на психолог и таму докторката (нека е жива и здрава) ме освести. Ми објасни дека сè би било залудно. Дека секако битката би била изгубена. Дека љубовта со пари и имот не се купува. Дека секако добрите односи немало да потраат и тој пак ќе се оддалечел од мене. На материјалистите ништо не им е доволно.

Се обидов да се дефокусирам од сето ова, но залудно. Татко ми почина, но јас имам двојна загуба во метафорична смисла, благодарение на ненаситноста на брат ми.

Ми недостасува.

Но, јас не му недостасувам нему. Ни татко ми не му фали. Не го испочитува ни мртов. Ни на помен не се појави, ни мајка ми не дојде да ја види. Само заради пари.

Сега може да слави родендени и имендени со парите и со становите. Наместо со мене. Со семејството.

Но јас пак го сакам. И познавајќи се себеси, секогаш ќе бидам тука за него, ако ме побара.

Прашањето е дали ќе ме побара?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg