Не е исто да дадеш гол и да се шеташ гол - 25 примери за хомоними во македонскиот јазик

Во нашиот македонски јазик често среќаваме зборови кои имаат две или повеќе значења. Тоа се хомоними.

ne-e-isto-da-dadesh-gol-i-da-se-shetash-gol-25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-01.jpg

Кога странци го учат македонскиот јазик, тоа често им претставува проблем, особено во усната комуникација.

Хомонимите се интересни и понекогаш збунувачки, затоа што истиот збор во еден контекст може да е глагол, а во друг контекст да е именка, придавка или пак прилог.

Но, употребата на хомоними се случува дури и нам да ни предизвика конфузија, особено кога користиме кратки фрази или одговори во пишаната комуникација. Затоа се препорачува секогаш да одговараме со јасни реченици, во кои се знае точно е глагол, што предмет, што именка.

Издвоивме 25 примери за хомоними, кои најчесто ги употребуваме во секојдневната усна и пишана комуникација:

СКАРА

Со пријателите традиционално се собираме и правиме скара.

Син ми се скара со девојка му.

25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-02.jpg

ЗАВЕДУВА

Не престанав да го гледам и заведувам цела вечер.

Супер што доаѓаш, те заведувам во список.

ГРБ

Имам силни болки во пределот на грбот.

Симболи на државата се знамето, химната и грбот.

БАРА

Додека врнеше, децата скокаа во бара.

Работното место бара специфични квалификации.

ГРАД

Врнеше град и ги уништи посевите.

Дали имаш омилен град во кој би живеел?

25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-03.jpg

ЈАЗИК

Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик!

Кога мијам заби, секогаш со четката го чистам и јазикот.

ГОЛ

Холанѓаните во 94-та минута постигнаа изедначувачки гол.

Студено е, не се шетај гол!

ПРЕЧКА

Срамот ми е голема пречка во комуникацијата.

Нашиот ракометар за жал погоди пречка, наместо гол.

ne-e-isto-da-dadesh-gol-i-da-se-shetash-gol-25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-11.jpg

МОТОР

Сè повеќе млади возат мотор.

Левиот мотор на авионот се запали.

ГЛУШЕЦ

Во напуштената куќа на ридот најдоа мртов глушец.

Глушецот на компјутерот повторно ми се расипа.

БЛОК

На секои два дена купувам блок по ликовно за ќерка ми.

Земјотресот не го оштети нашиот блок згради.

КОСА

Отсекогаш сум сакала долга и бујна коса.

На село, гребло и коса сè уште се актуелни алати.

ГЛАВА

На секоја промена на време ме боли глава.

Прочитав до 34-та глава од романот.

Уште 12 примери на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg