Исповед на млада мајка од Скопје: „Поминаа два месеци од породувањето, маж ми се врати на работа“ (втор дел)

„Поминаа веќе 2 месеци како сум застаната на нозе, по породувањето. Одморот на сопругот заврши, тој започна со работа, а јас прејдов во секојдневната рутина, со бебето...“

Realnosta-po-poroduvanjeto-ucam-odnovo-da-se-sakam-sebesi-del-2-01.jpg

Младата мајка од Скопје за CRNOBELO.com ја почна исповедта „Вистината по породувањето“, а сега ја продолжува.

Нејзината исповед (втор дел):

„Поминаа веќе 2 месеци како сум застаната на нозе. Одморот на сопругот заврши, тој започна со работа, а јас прејдов во секојдневната рутина, која со задоволство ја живеам.

Да, тоа е она што ме потсетуваа секојдневно дека дарив живот. Иако моите килограми не се вратени сè уште, се препуштив на новата димензија што ја создавам.

Улогата на мајка е најблагодарната и најтешката работа истовремено.  Се сменив од корен. Моите размислувања и сфаќања, мојата смисла за животот, за она што е вредно, а што е непотребно.

За приоритетите. Кариерата веќе не ми е на прво место. Домот и среќата не се мерат со ниедни пари на светот. Топлината од блиските и фамилијата која секогаш е столбот на среќата. Извор на енергија.

Но, сфатив и дека не сум жртва. Не бев онаа која требаше да ја гледаат несредена и неуредена, секогаш уморна со големи подочници со изговорот дека сум мајка. Не бев совршената мајка ако прикажував слика на жена која се грижи 24/7 за своето дете, но не и за себе.

Realnosta-po-poroduvanjeto-ucam-odnovo-da-se-sakam-sebesi-del-2-02.jpg

Со тек на време го засакав моето тело онакво какво што постана откако станав мајка. Омилена тетоважа беше белегот од царски рез кој гордо го носев на себе.

Вежбав заради себе, не поради вишокот килограми. Научив дека не сум лоша мајка ако решам да си посветам време на себе. Не е себично, неопходно е.

За твоето дете ти секогаш ќе бидеш совршена, но сфатив дека и сама треба да си се допаднам кога ќе се видам во огледало, да мислам дека имам маж кој се заљуби во мене и кој секојдневно треба да го сакам и да ме посакува. Треба да сум комплетна и исполнета со она што сум.

Среќна мајка – среќно дете.
Енергијата е чудна работа. Лесно се чувствува, уште полесно се пренесува.

Мајката и детето имаат чудесна врска која што не може да се раскине никогаш. Кога мајката е задоволна, детето е уште позадоволно. Тоа секојдневно го гледам и чувствувам.

Realnosta-po-poroduvanjeto-ucam-odnovo-da-se-sakam-sebesi-del-2-03.jpg

Секое незадоволство и нервоза секогаш се првите работи што ги забележува детето, па секогаш најстојувам да бидам позитивна, да наоѓам среќа во малите секојдневни работи, и да бидам благодарна за она што го имам.

Наградата секогаш ја добивам – насмевка и среќа во очите на моето дете.
Тоа е она за кое живеам и постојам. Заедно растеме и созреваме.“

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У .Т. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg