Тазе мелено кафе, половина лепче: Ретро работи од македонските продавници кои ни будат носталгија
Мммм мирисот на тазе мелено кафе, па Минти мастики место кусур, па сечење половина лепче, па каси кои беа неверојатно гласни, па пазарење на вересија, односно пишанка... Потсетување на едни стари и можеби поубави и побезгрижни времиња. Пазарењето во маалските продавници имаше посебна магија, зарем не?
Се сеќавате ли кога одевме да пазараиме во мали маалски продавнички? Каде добро се знаевме со продавачките, си купувавме млеко за варење во ќесе, место кусур добивавме мастика, враќавме стаклени шишиња и што уште не?
Го чувствувате мирисот на носталгија по едни поубави и можеби побезгрижни времиња, кога ќе ги споменеме овие работи, зарем не?
Имаше некоја посебна убавина и топлина во пазарењето. Сетете се само на мирисот кога на лице место ќе ви измелеа кафе или пак кога со нож ќе ви пресечеа половина лепче...
Ајде да се вратиме малку во минатото:
- Мирис на тазе мелено кафе
фото: Пазар 3
- Половина лепче, пресечено на „лице место“ (и потоа чување во ваков тип на кутија)
- Фаќање на лебот со „голи“ раце да видиме кој е најмек
- Купување на вересија или на пишанка
- Старите каси кои беа навистина гласни
Кога имаше млеко во ќеса и базока уместо кусур pic.twitter.com/F6WTaGHuoh
— Emiliano Zapata (@EmilioZ53256472) October 1, 2021
- Млеко за варење во ќесе
фото: Твитер