Во Скопје да си пешак на дожд е храброст и лудост - несовесни возачи ќе те избањаат 99,9%

Не знам како и зошто ама во Скопје не се знае да се вози на дожд. Сите се нервозни, се прават колони, а пешаци се бањаат на сите страни. Да, да и денес сигурна сум дека „настрадаа“ на овој начин многу пешаци.

vo-skopje-kje-te-izbanjaat-zabrzani-avtomobili-i-ti-si-vinoven-a-odish-na-trotoar-01.jpg

Еден дожд и сообраќајот во Скопје доживува катаклизма.

Ништо не функционира.

Заглавени колони, нервоза, трубење.

Сите во себе кажуваат псовки, некој и на глас.

Сите се нервозни.

Сите брзаат и на сите токму тие 2 минути им го менуваат многу животот.

Па, така, штом се вклучи зелено на семафорот, стискаат до крај на гас и забораваат дека се во урбана средина, каде има и други учесници во сообраќајот.

Да, и пешаците се дел од сообраќајот.

И тие по тротоари или на пешачки премини итаат од работа да си појдат дома или пак одат кон работното место, но многу често се случува некој невнимателен возач да ги избања од глава до петици.

Си вози тој дрско концентриран на своите мисли и целта на која сака да стигне, и не ни погледнува дека околу има и други луѓе и дека некому може да му го уништи денот со своето невнимaние.

Чевли полни вода, водени панталони, мантил со флеки и што уште не.

Може да му го загрози и животот реално, ама овојпат не ни навлегувам во тоа.

Сега зборувам само за десетиците, стотиците, не знам еве точно колку пешаци што се избањати на секој еден дождлив ден во Скопје.

Себичноста во сообраќајот мора да престане овде и сега, а ако не сте толерантни, внимателни и ако не мислите и на другите, тогаш дефинитивно треба да ви ја одземат возачката дозвола и да не правите хаос и штета во сообраќајот на дневно ниво, особено на дождливи денови.

Затоа што ете, не знам како и зошто ама во Скопје на дожд не се знае да се вози, веднаш сè се закочува, сите се нервозни и од сите страни има негативни вибрации.

А дождот всушност е убав. А убавината се крие во очите на тој што набљудува. Но, во Скопје тоа го нема, има само нервоза.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg