За бабите кои ни недостигаат најмногу на свет - скришно ни даваа 500 денари од пензија, ни фрлаа вода пред испит

Ни кажуваа дека кармин се става дури и за до продавница, не знаеш кој можеш да сретнеш по пат.

za-babite-koi-ni-nedostigaat-najmnogu-na-svet-skrishno-ni-davaa-500-denari-od-penzija-ni-frlaa-voda-pred-ispit-01.jpg

Ги имате ли своите баби крај себе? Го цените ли доволно? Ние, кои за жал ги изгубивме, во срцето имаме празнина што не можеме да ја пополниме.

Тие беа клучни личности во нашите животи и нивните симпатични совети нема никогаш да го заборавиме.

Совети кои ги добивавме од бабите кои ни недостигаат најмногу на свет и работи кои ги правеа за нас:

- Пред испит ни фрлаа вода за лесно да ни оди.

- Скришно ни даваа 500 денари од пензија и ни ги туткаа во рака за никој да не види.

- Ни кажуваа како било во нивно време на корзо и игранки.

- Ни раскажуваа што му се случило на докторот и на крај сфаќавме дека всушност раскажуваат за доктор - лик од нивната омилена серија.

- Нè учеа да седиме на морска пена, а не директно на цемент, затоа што не било добро за јајниците.

- Нè советуваа дека жените треба да носат фустани и здолништа и да бидат женствени.

za-babite-koi-ni-nedostigaat-najmnogu-na-svet-skrishno-ni-davaa-500-denari-od-penzija-ni-frlaa-voda-pred-ispit-03.jpg

- Ни кажуваа природни лекови против опаѓање на косата.

- Ни правеа највкусни пинџурчиња и пржени лепчиња.

- Ни велеа дека брат/сестра се сака најмногу на свет.

- Ни кажуваа дека кармин се става дури и за до продавница, не знаеш кој можеш да сретнеш по пат.

- Велеа за на доктор и театар секогаш мора да си дотеран.

- Нè советуваа на плажа никако да не седиме со влажен костим за капење.

za-babite-koi-ni-nedostigaat-najmnogu-na-svet-skrishno-ni-davaa-500-denari-od-penzija-ni-frlaa-voda-pred-ispit-02.jpg

- Ни кажуваа дека на мажот дома секогаш треба да сме му убави, а не во развлечени, скинати маици.

- Нè убедуваа дека патот до машкото срце е преку стомакот.

- Ни велеа секогаш да пронајдеме време да го прашаме партнерот како си го поминал денот.

- Ни правеа највкусни колачи: пиварки, раванија, ванилици...

- Ни ги плетеа најубавите калчунки, шалчиња и џемперчиња за во зима.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg