Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Толку е лесно и важно да се каже „благодарам, те сакам, ништо страшно“, а ретко кој го прави тоа...

tolku-lesno-a-tolku-vazno-001.jpg

Толку е лесно да прикочите и да го пропуштите пешакот. Тогаш неговата наметка и вашата совест ќе останат чисти.

Толку е лесно да му кажеш на детето кое го скрши украсот за на елката: „Ништо страшно, само да си жив и здрав“, а не да викате половина час, не како да скршил украс, туку вашето срце.

Толку е лесно да ѝ се јавите на вашата мајка и да ја прашате: „Здраво мамо, како си?“ – а, не само кога нешто ќе ви затреба.

Толку е лесно да станете по завршувањето на претставата и да аплаудирате стоејќи. Не се плашете, нозете нема да ви отпаднат, а на актерите тоа многу ќе им значи. Вашиот аплауз е нивна главна награда.

Толку е лесно да си го задржите мислењето за себе на социјалните мрежи. А, енергијата која ќе ја употребите за отровен коментар, да ја искористите на нешто племенито и корисно.

Толку е лесно да си благодарен. Да кажете „благодарам,“ бидејќи ви го отстапија местото, што брзо ви одговорија на мејлот, што ја прифатија поканата за ручек.

Затоа што, искрено, никој ништо не ви должи. Ниту вашите родители, ниту деца, ниту колешката, ниту пријателката, ниту вратарот на кого му се жалите дека станарите од 9-ти спрат не престанаа да пуштаат гласна музика.

Толку е лесно да кажете НЕ на она што не ви е блиско. НЕ на луѓето кои ве повредуваат. НЕ на оние кои не ги делат вашите вредности. НЕ на здодевните книги, оставете ги. НЕ на непристојниот таксист. НЕ на она што ви пречи. ДА на она што ве прави среќни.

Толку е лесно да испратите порака со содржина: „Те сакам“. Само онака, без никаков повод. Едноставно затоа што имате среќа – да имате на кого да ја пратите.

Толку е лесно да ги прекршите правилата. Да бидете смешни. Да заспиете во кино. Да ја облечете најсвечената комбинација на најтмурниот ден. Да јадете од свечениот сервис, а да зготвите обичен омлет.

Од ситниците – Вашето благодарам, молам, ништо страшно, те сакам, бакни ме, да се гушнеме, драго ми е што те гледам и ајде да го направиме тоа сега – доаѓа голема, вистинска среќа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg