7 оригинални видови на секс
Доколку не сте запознаени, постојат 7 видови на секс. На кратко ви ги опишуваме, а вие пронајдете се кој е вашиот тип на секс.
Ако се сетите на уште некоја варијанта, слободно дополнете нè.
1. Првиот вид е така наречен Штрумф секс
Овој вид на секс воглавно се практикува кога сте тазе запознаени, па се сексате се додека не посините и двајцата.
2. Вториот вид е Трпезариски секс
Ова е кога сте веќе заедно, но кратко, па сте толку многу напалени што сакате да се сексате каде било и кога било, па и на трпезариската маса.
3. Третиот вид е Креветен секс
Со партнерот сте веќе подолго време. Сексот станува толку рутински што во главно се сведува на креветот во спалната соба.
4. Четвртиот вид е т.н. Ходнички секс
Предолго сте со партнерот. Се среќавата најчесто во ходникот и ладно си довикнувате еден на друг „Е*и се!“
5. Петиот вид е Ништо секс
Значи добиваш ништо наутро, ништо на пладне и ништо за вечера. Многу популарен тип на секс.
6. Шестиот вид е Суднички секс
Се случува кога веќе не можеш да ја поднесеш својата жена. Таа те тужи на суд, па после тоа пред целата судница и поротата добро ќе те из*бе!
7. И на крајот, седмиот тип е Пензионерски секс
Секој месец добиваш по малку, но не и доволно за да уживаш во него.