Ете, ова би било живот!

Перица му пишува писмо на Господ: Драги Боже, имам мал предлог за тебе. Животот би требало да почне од смртта, а не обратно!

ete-ova-bi-bilo-zivot-001.jpg

Замисли сè да се одвива вака:

Лежиш два метри под земја, околу тебе мрак и студ, а ти почнуваш да копаш и стигнуваш до светлина.

Кога ќе излезеш, одиш директно во старачки дом, и од месец во месец се чувствуваш се подобро и подобро, додека конечно не те исфрлат од таму бидејќи си премлад.

Со пензијата играш голф неколку години, добиваш од работодавачот златен часовник за верност и лојалност и почнуваш полека да работиш.

Штом си го одработиш своето, одиш на факултет.

Во меѓувреме си заработил доволно за да можеш студентскиот живот да го живееш како бубрег во лој, имаш секојдневно пари за излегување, журкање и алкохол, а во глава ти се вртат само женски гради и газиња.

Кога веќе ќе отупиш од сето ова, време е да одиш на училиште, кое секако започнува со матурска вечер.

На училиште стануваш од година во година се поглупав, се додека не те исфрлат. После тоа најмногу се радуваш на сладолед или некои смешни играчки.

По ова, неколку години си играш во песокот, па се преселуваш во матката каде уживаш 9 месеци и конечно го завршуваш животот со еден голем среќен оргазам!

Ете драги Боже – тоа би било живот.

Твој Перица.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg