„Ова е Џон. Тој денес ме потсети на неколку важни работи“
Ова е Џон. Џон беше мојот Uber возач вчера кон аеродромот. Ме праша зошто патувам. Љубезно му одговорив дека морам заради работата.
Потоа ме праша дали имам 28 години.
- „27“ – му реков.
Ќерката на Џон сосема изненадно починала на 29 години. Тој се обидел да ја реанимира, но не успеал. Се обидувал да вдахне живот во безживотното тело на ќерка му, но ја нашол премногу доцна.
„Посакувам да можев да направам нешто. Зошто не можам да ја вратам?. Се извинувам што мора да го слушате ова. Почувствував дека имате добро срце и дека нема да ме осудите. Како да имате волја да ме ислушате...“
Кога стигнавме на аеродромот ми рече: „Те молам не дозволувај никој да направи да се чувствуваш неубаво во животот. Задржи ја насмевката. Продолжи да бидеш љубезна со непознати. Никогаш не знаеш низ што поминуваат луѓето. Јас толку долго време се кријам зад мојата насмевка. Ти благодарам девојче.“
Бидете љубезни, секогаш. Покажете сочувство. Научете да ги ислушате луѓето. Прашајте како се. Насмевнете се на непознати во маркетот, на улица, на возачот на такси. Ова би можело навистина да му значи некому.