„Ова не е телото во кое ти се заљуби“ - му реков со солзи во очите...
„Ова не е телото во кое ти се заљуби“ – му реков на сопругот. Телото на кое ти „падна“ беше тонирано. Имаше мускули наместо стрии на стомакот. Имаше цврсти гради кои не доеле на секои 3 часа со месеци.
фото: depositphotos.com
Немаше траги од „раздвоени“ мускули ниту белези.
Телото во кое тој се заљуби без проблем влегуваше во тесни фармерки. Без проблем влегував во продавница и земав парче кое со сигурност знаев дека ми е точно и ќе ми стои добро без да го пробам.
Моето моментално тело најчесто носи хеланки.
Неговото тело остана исто, но моето се промени на сите можни начини. Не е фер...
Стоев пред него, исцрпена и скршена со очи полни солзи: „ова не е телото во кое ти се вљуби“.
Тој ми одговори:
„Во право си, не е телото во кое се вљубив. Ова е телото во кое пораснаа нашите деца. Телото кое ги хранеше и тешеше нашите деца, телото кое создава живот. Јас секој ден се вљубувам во твоето тело. Не знаев што е љубов сè додека не открив што сè може да направи твоето тело – затоа, ти благодарам!“
Немој да се срамите од она што го поседувате или од тоа како изгледа вашето тело, има многу време во иднина кога ќе можете да се откажете од торта и слатки, но засега, уживајте во моментите кои ги имате, и во фактот дека сте направиле нешто кое е вредно за сите стрии, брчки и белези.
Ако ви треба потсетник, телото кое го имате сега е вредно за секоја трошка љубов.