Стоп за луѓе кои судат секому за сѐ и само тие знаат како треба во животот

stop-za-lugje-koi-sudat-sekomu-za-s-i-samo-tie-znaat-kako-treba-vo-zhivotot-01.jpg

Дали познавате луѓе кои за сѐ и секој имаат лош коментар?

Најпаметни се, само тие знаат како треба во животот и дури и горди се што имаат цврсти ставови.

Но, тоа не значи цврстина на карактер, тоа значи празен живот, огорченост, немање што да се прави со себе и судење на другите.

Среќните луѓе не се заморуваат со тоа кој како се облекол, кој како си ја бојадисл косата, каков автомобил купил или колку лошо го уредил домот.

Среќните луѓе живеат во својот свет, ги прават работите што ги сакаат и им го дозволуваат истото и на другите.

Навистина не ги интересира кој што прави во животот, кој што кажал, кој како постапил.

Нив ги интересира тие самите што прават во животот, што кажале, како постапиле.

Среќните луѓе си гледаат во сопствениот двор и времето го трошат правејќи работи што ги исполнуваат.

Навистина не се оптоваруваат кој како решил да си го живее животот, ако е среќен нека му е со среќа.

Некој се жени по третпат, друг ги троши сите пари на патувања, некоја решила дека бракот не е за неа... Супер, само да се среќни.

Само да има луѓе кои ги живеат своите соништа и да ги гледаме насмеани по улиците.

Само да нема огорчени фаци кои живеат така затоа што општеството така наложува или поради тоа што ќе кажат другите.

Среќните луѓе се во својот филм со саканите кои им се на иста бранова должина, се грижат секој ден да прават работи од кои им е убаво на душата, а кој како решил да живее нема да осудат, може само да поддржат и толку.

Туѓиот живот не е нивна работа. Можеби тајната на нивната среќа е делумно и во тоа.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg