Поука по празниците: До кога ќе се оптоваруваме со тоа дали трпезата ќе ни биде „одобрена“ од другите?

Сега, откако ги испративме празниците и конечно може да здивнеме, речиси во секое македонско домаќинство може да ја слушнете следната изјава: „Вака другата година, нема шанси! Толку јадење, толку спремање, не доаѓа предвид. Си ја научив лекцијата!“

 pouka-po-praznicite-do-koga-kje-se-optovaruvame-so-toa-dali-trpezata-kje-ni-bide-odobrena-od-drugite-01.jpg

И така до следната година кога не само што ќе се подготви подеднакво толку храна како и минатата туку и малку повеќе. Да има. Да не намине некој човек плус. Да не останат гладни децата.

Кога станува збор за храна и пиење, мегаломани сме во вистинската смисла на зборот. Да се прелева храна на масата без мера. Да „крцка“ фрижидерот. Да се замрзнува вишокот што потоа ќе стои со месеци заборавен во замрзнувачот.

Или уште потажно – да се фрли сета таа грижливо подготвена храна за која се фрлиле толку многу пари и се потрошило толку многу нерви и време за подготовка.

Настрана пандемијата, дали сте се запрашале зошто луѓето престанаа да си одат толку многу по гости, дома? Затоа што сите чувствуваат притисок да се спреми нешто неверојатно за гостите. Да има. Да не се посрамотиме. Да не нè озборуваат.

По цена да потрошиме малку повеќе пари, кои веројатно ги немаме, и подоцна ќе мизеруваме неколку денови, затоа што сме се потрошиле за гостите, за да ги пречекаме поубаво и побогато.

По цена да работиме цел ден во кујната и да се изнервираме зошто рецептот не ни испаднал како што треба. По цена да се скараме со сите дома, да не го растураат домот, да не чепкаат и грицкаат од храната. За гостите.

Зошто целиот овој стрес? Кој доаѓа за јадење и пиење? Кому му е битно сето тоа? Зарем има луѓе што ќе ви дојдат да се видите, да си помуабетите, а ќе излезат од вашиот дом со коментари што и како имало на масата? Добро, веројатно има, но тоа сигурно не се вашите блиски пријатели.

За сметка на овој страв што никако не можеме да го искорениме, ние се обидуваме да надоместиме со толку многу храна додека не паднеме во кома од јадење и пиење.

Јадеме без мера, солено, благо, месено, печено, пржено… постојано сме во некаков натпревар и со себе и со другите, создавајќи си непотребен стрес и вишок на килограми. А и двете влијаат погубно врз здравјето.

Нели е време да кажеме СТОП? Стоп за толку многу храна и за чувствувањето вина како не сме се покажале пред луѓето. Да си направиме муабет. Да пропешачиме на отворено. Да се вклучиме во некоја заедничка физичка активност. Да уживаме во друштвото.

Наместо да се оптоваруваме кој што ставил на масата. И колку имало. И како било наместено. Колку небитна работа е тоа. И колку е ослободувачко чувството кога некој ќе ти каже – доаѓаме само на кафе. И навистина е само кафе.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg