Верувања од нашите баби за љубовта и бракот: Ако ја изгуби бурмата - неверен е

Нашите баби секогаш знаеле да ни дадат некој добар совет, кога се работи за мала криза во бракот или љубовта, но секогаш умеат да ни „протнат“ и по некоја бабина деветина.

veruvanja-na-nashite-babi-za-ljubovta-i-brakot-ako-ja-izgubi-burmata-neveren-e-01.png

Тие верувале дека ако сакате среќен брак и долготрајна љубов има работи кои не смеете да ги правите заедно со својот сопруг, но и такви кои не смеете да ги правите сами.

Во што верувале нашите баби, кога е бракот во прашање?

1. Мажот и жената секогаш би требало да спијат во ист кревет, под иста прекривка, дури и кога се лути.

2. Никој, освен партнерите, не би требало да седнува да брачниот кревет.

3. Никако не смее да се карате пред луѓе.

4. Среќата сака тишина, затоа не треба на другите да им ја раскажувате вашата среќа.

5. Мажот и жената треба да пијат од исти чаши и да ги бришат рацете со ист пешкир.

6. Губењето на бурмата може да укажува на неверство.

veruvanja-na-nashite-babi-za-ljubovta-i-brakot-ako-ja-izgubi-burmata-neveren-e-02.png

7. Сопружниците смеат да ги чукнат чашите на маса само ако уште некој јаде и пие со нив. Ако тоа го направат кога се сами – може да се претвори во кавга.

8. Никако не смее да го прерипнувате партнерот кој спие – тоа е знак за неволја во бракот.

9. Партнерите никако не смее да спијат пред огледало.

10. Мажот и жената треба секогаш да ручаат заедно. На тој начин го зајакнуваат бракот.

11. Ако на денот на свадбата е облачно и дува ветар, тоа значи дека бракот ќе биде бурен.

*Секако, овие совети не ги пренесуваме со цел слепо да се следат и да им се верува, туку само како потсетник што за минатите генерации значело љубов и заедница.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg