„Првата ноќ плачев како мало дете“ - мајчински емоции кога детето почнува да спие во своја соба
Кога имаше 18 месеци се преселивме во нов дом. Овојпат имавме доволно простор за ти да добиеш своја соба и поголем кревет.
фото: depositphotos.com
Делуваше како новата куќа да ја донесе оваа одлука за мене, а јас само се согласив со истата. Но, не бев подготвена. Плачев толку многу првата ноќ што не можев да ја издржам главоболката. Цела ноќ ѕиркав што правиш. Проверував дали се будиш.
Едно нешто што ми олеснуваше е што можев да те слушам како дишеш и од спалната. Секако, слухот на мајката ми беше развиен до тој степен. Мислам дека го менував ритамот на моето дишење за да можам да ја чујам секоја твоја воздишка. Така успевав да се смирам конечно и да можам да заспијам.
Беше добар. Мислам, се разбуди во истиот период како и секоја вечер. Уште половина година пола ноќ ја поминував покрај тебе заради доењето. Никогаш не ја дознав причината за твоето ноќно будење. Претпоставував дека си жеден или гладен. Или едноставно, навика.
Сега се будиш многу поретко. Но, кога се будиш, не морам да погодувам зошто – сам си кажуваш.
Минатата ноќ ми рече: „Мислев дека видов вистински диносаурус, но сепак, тоа беше само светлото и сенката“.
Замислете како изгледа да имаш 3 години и да видиш диносаурус во својата соба.
Те земав и прегрнав, па се осигуравме дека нема никој во собата и дека и да имаше диносаурус, мама и тато се во собата до тебе.
За неколку секунди си заспа повторно.
Не можам да поверувам дека некогаш се чувствував виновна што реагирав секогаш кога ќе се разбудеше и веднаш дотрчував. Дека ми беше грижа што ќе речат пријателките. Дека се замарав дали премногу ќе се приврзеш за мене.
А во суштина, најубавото нешто од сето ова, е што покрај мене се чувствуваш сигурен.