Мудра приказна: Тимски дух
Еден ден човекот имал можност да поразговара со Бог, па го прашал: „Господе ќе ми биде големо задоволство да дознаам како изгледаат Пеколот и Рајот?‘‘
Бог го однел човекот до две врати. Отворил една од двете врати и му дозволил да погледне внатре. На средина од собата, стоела голема тркалезна маса. На средина на масата имало голема чинија со многу вкусна свежа храна.
Човекот осетил како му надоаѓа плунка во устата...
Луѓето кои седеле околу масата биле претерано слаби, со виолетов тен и болен изглед. Сите изгледале изгладнето. Имале лажици со многу долги рачки кои биле прицврстени на нивните раце. Сите можеле да ја дофатат храната во чинијата и да земат малку, но бидејќи рачката била подолга од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста.
Човекот се стресол при самата глетка на нивниот јад и нивната жалост.
Бог на тоа му рекол: „Само што го виде Пеколот.“
Потоа Бог и човекот се упатиле кон втората врата. Бог ја отворил и втората врата. Глетката која човекот ја видел била идентична на претходната. Имало голема тркалезна маса, на неа чинија преполна со вкусна храна, која повторно му донела плунка во устата.
Луѓето околу масата исто имале лажици со долги рачки, само овој пат тие биле добро нахранети и среќни и си разговарале меѓусебно задоволно насмевнувајќи се...
Човекот му рекол на Бога: „Не разбирам?“
„Едноставо е – рекол Бог. Сè е поврзано со една вештина. Овие научија да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго освен на сами себе.“