Виц: Германци на граница
Пет германци во Audi Quattro застанале на италијанска граница. Италијанскиот цариник ги застанува и им вели: “Илегално е да се возите петорица во Quattro.“
- Како тоа мислите илегално? - прашал германецот кој ја вози колата.
- Quattro значи четири, напоменува цариникот.
- Тоа е само името на колата човеку, одговорил германецот не можејќи да поверува што слуша. Еве и во документите видете: колата е дизајнирана за 5 патници.
- Еј, немој да мислите дека со тоа ќе ви прогледам низ прсти, одговорил италијанецот. Quattro е само за четворица. Вие сте петорица во автомобилот и го прекршувате законот!
- Германецот луто му викнал: Ти си идиот! Викни го веднаш твојот претпоставен. Сакам да разговарам со некого кој има повисоко ниво на интелигенција!
- Извинете, но тој нема да може да дојде. Зафатен е со оние двајца во Фиат Уно.