Совршен сопруг или...?
После редовниот тренинг во кошарка на група пријатели, во соблекувалната, наеднаш ѕвони мобилен телефон и еден од мажите се јавува, но ja уклучува “hands-free” опцијата.
Сите во соблекувалната молчат и слушаат.
Мажот: Ало?
Жената: Душо, јас сум. Играш кошарка?
Мажот: Да.
Жената: Јас сум во трговскиот центар и најдов една преубава бунда. Само 1.000 долари е! Може да си ја купам?
Мажот: Штом толку ти се свиѓа, купи си ја.
Жената: Исто така, по пат застанав и до салонот на Мерцедес, ги видов новите модели за 2009. Видов еден што е створен за мене!
Мажот: Колку е?
Жената: 90.000 долари.
Мажот: Добро, но за таа цена очекувам да има сé внатре.
Жената: Супер! Но, има уште една работа... Куќата што ја сакав е пак на продажба. Сега бараат 950.000 долари.
Мажот: Штом е така, добро, само понуди им прво 900.000 долари. Најверојатно ќе ги прифатат. Ако не, дај им ги и останатите 50.000 долари. Навистина е добра цената.
Жената: ОК, ќе се видиме подоцна! Те сакам најмногу!
Мажот ја спушта слушалката. Другите мажи го гледаат со подотворени усти, не им се верува што виделе...
Тогаш тој се насмевнал и им вика: Да не знае некој чив е телефонов?