Поучна приказна: Странец

Неколку години откако јас дојдов на овој свет, татко ми се запозна со еден странец кој штотуку беше дошол во нашиот град. 

 poucna-prikazna-stranec-001.jpg

Отсекогаш беше љубезен со сите па многу брзо го покани странецот да живее кај нас со нашето семејство. За многу кратко време го прифативме и од тогаш тој живее со нас.

Додека растев ниту еднаш не се запрашав за неговата улога во нашето семејство. Во мојот детски ум тој имаше посебно место.

Моите родители ме воспитуваа по сите основи: мајка ми ме научи да разликувам добро од зло, а татко ми ме учеше да бидам послушен.

Но, странецот, имаше посебна улога. Тој можеше да нè држи со часови заедно со своите авантури, мистерии и комедии.

Кога сакав да научам нешто за политиката, историјата или науката тој секогаш ги знаеше сите одговори за минатото, ја разбираше сегашноста и се чинеше дури и дека е во состојба да ја предвиди иднината.

Го однесе моето семејство и на првиот значаен фудбалски натпревар. Знаеше да ме насмее и растажи.

Странецот никогаш не престана да зборува, но тоа изгледа не му пречеше на татко ми.

Понекогаш, мајка ми тивко стануваше и доаѓаше во кујната каде беше тивко и мирно, додека ние останатите се стишувавме едни со други за да чуеме што има тој да ни каже. Денес се прашувам дали таа некогаш потајно се молеше странецот да си замине од нашиот дом.

Татко ми управуваше со нашиот дом со одредени морални норми, но странецот никогаш не чувствуваше обврска да се придржува до нив.

Прости приказни не беа дозволени во нашата куќа. Ниту од нас, ниту од нашите пријатели и посетители. Од друга страна, нашиот долгогодишен посетител лесно се провлекуваше со пцовки кои ги параа моите уши и го тераа татко ми да побесни, а мајка ми да поцрвене.

Татко ми не дозволуваше либерална употреба на алкохолот, но странецот секојдневно не поттикнуваше редовно да го пиеме.

Тој правеше цигарите да изгледаат привлечно, пурите – џентлменски, а муштиклите – префинето.

Слободно зборуваше за сексот, дури и премногу. Неговите коментари беа провокативни, понекогаш сугестивни и бесрамни.

Денес знам дека моите сфаќања за љубовта во голема мера се формирани врз основа на приказните на странецот.

Од ден на ден странецот ги негираше вредностите на моите родители, но сепак многу ретко го замолчуваа, и НИКОГАШ не го замолија да го напушти нашиот дом.

Поминаа повеќе од 40 години откако странецот се досели во животот на моето семејство.
Мошне брзо се вклопи, па денес ни од близу не изгледа така восхитувачки како на почетокот.

Дури и денес, ако влезете во куќата на моите родители и понатаму ќе го пронајдете него – како седи во својот ќош, чека некој да го сослуша, да зборува со него додека му ги покажува своите слики.

Како се викаше странецот?

Ние просто го нарековме – Телевизор.

Во меѓувреме доби и сопруга. Ја викаме Компјутер.

Нивното прво дете го викаме Мобилен телефон.

А, нивното второ дете – Фејсбук...

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg