Чичкото таксист што храни бездомни кучиња, чесниот поштар и скромното дете - 3 вистински приказни за добрината во Скопје

Многу пати сум се нашла во ситуација да се разочарам во луѓето и да речам дури и на глас дека не остана веќе добар човек денес. 

3-vistinski-prikazni-za-dobrinata-vo-Skopje-01.jpg

Но, исто толку пати животот ми го докажал спротивното, наградувајќи ме со случајни, попатни минувачи кои ми ја враќаат вербата во човештвото.

Првата приказна е за човекот којшто работи како таксист во Скопје. Беше многу рано, студено зимско утро. Во улицата спроти Холидеј Ин, на самиот почеток, човекот стои покрај автомобилот со отворен багажник.

Околу него во круг се наредиле 5 бездомни кученца, седнати, го гледаат милно и послушно, како некои дечиња. Човекот полека вади храна од багажникот и им дава да јадат, едно по едно.

Не видов ништо поубаво тој ден од оваа глетка. Не видов ништо што ја надмина ниту во наредните денови. Човек којшто одвоил време за бездомни кучиња, пари за да им купи храна, но најмногу од сè, човек полн трпение, љубов и добрина.

Зарем уште има вакви луѓе на светот? Луѓе кои се несебични, кои се грижат за она што безизразно го одминуваме во секојдневието?

chickoto-taksist-sto-hrani-bezdomni-kucinja-cesniot-poshtar-i-skromnoto-dete-3-vistinski-prikazni-za-dobrinata-vo-skopje-02.jpgФото: depositphotos.com

Втората вистинска приказна е за поштарот во мала, локална пошта во една скопска населба. Адресата на пликото не се читала воопшто добро и успеал некако да го прочита само мојот телефонски број.

Ми ѕвонел една недела претходно, пред да успее да ме добие на телефон и да ми пренесе дека намерно не го вратиле пакетот на испраќачот. Во време како денешното кога поштите ги бие лош глас, ова беше изненадување на годината.

Бидејќи има и вакви луѓе, вредни, работливи и чесни, што си ја работат професијата со љубов и внимание, иако верувам дека воопшто не се доволно платени.

Искрено, не ми се веруваше дека одвоил време да ме бара на телефон со цел да си ја земам пратката. Ќе си речете–тоа му е работа.

Според моето искуство, можел едноставно да рече не се познава добро адресата, не е до мене, врати на испраќачот и пријатно. Не е мој проблем. Но, кога бев да ја подигнам, човекот љубезно се насмеа, од оние искрени насмевки од кои те облева сонце и ми вика – ама ова ни е нам работа, 36 години носиме писма и пратки, сите мора да си ги добијат пратките.

Плус, знам колку се радувате на овие пратки со порачки од интернет, нели?

Како да не ги награди некој овие луѓе? Дали воопшто некој ја забележува нивната добродушност, нивното срце?

chickoto-taksist-sto-hrani-bezdomni-kucinja-cesniot-poshtar-i-skromnoto-dete-3-vistinski-prikazni-za-dobrinata-vo-skopje-03.jpgФото: depositphotos.com

Најпосле, третата приказна е за едно детенце од Скопје. Неговата мајка го објави писмото на Твитер и тоа ми беше последниот доказ дека не само што постојат уште добри луѓе, туку има и толку многу прекрасни дечиња, што срцето ќе ти затрепери од љубов и топлина.

Имено, детенцето напишало писмо до Дедо Мраз. Во него не бара никаков специјален подарок, всушност пишува: „Подари ми што е најдобро за тебе и за мене. Подари им на другите деца што немаат. Те сакам Дедо Мраз“.

Не знам дали малечкото сè уште верува во Дедо Мраз или знае дека тој е олицетворение на мама и тато и дека тие се оние коишто ни ги исполнуваат желбите.

Без разлика, ова мало писмо напишано со детски ракопис ми го стопи срцето. Можам слободно да кажам дека е едно од најдобрите нешта што ги видов годинава.

chickoto-taksist-sto-hrani-bezdomni-kucinja-cesniot-poshtar-i-skromnoto-dete-3-vistinski-prikazni-za-dobrinata-vo-skopje-04.jpgИзвор: Преземено од Твитер 

Толку ми ја врати вербата во луѓето, во децата, во човештвото, уверувајќи ме дека и покрај сè, животот знае да биде толку убав, толку прекрасен… бидејќи во него има толку многу добри луѓе наспрема сето зло и суровост.

Во годината исполнета со болка, тага и незадоволство, овие 3 непознати луѓе ми ја вратија вербата во едно поубаво, посјајно утре... Можете ли да наброите барем тројца што го направија истото за вас?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg