Мудри басни за возрасни

Приказните отсекогаш носат добра поука зад себе. Уште како деца уживавме во мудрите басни за гавранот и лисицата, басните на браќата Грим кои до денес ги помниме.

mudri-basni-za-vozrasni-001.jpg

Ова се малку поинакви приказни со поука за повозрасни.

1. Одела Црвенкапа низ шумата кога пред неа излегол волк. Таа тргнала да се качи на дрво, кога тој и вели:

-  Црвенкапо, симни се, нема ништо да ти направам.
-  Ма дај не лажи, мислиш не сум ја читала приказната. Јас ќе се симнам и ти ќе ме изедеш.
-  Што ти паѓа на памет, јас сум Вук Караџиќ, симни се слободно.

Се симнала кога стварно што ќе види Вук Караџиќ. Оди понатаму кога пред неа излегол лав. Она на дрво, а лавот од доле.

- Симни се Црвенкапо, ако си ја читала приказната знаеш дека во неа нема лав.
- Знам јас ама лавовите јадат луѓе.
- Ма, што ти паѓа на памет, јас сум американец, Лав Коен.

Се симнала Црвенкапа кога лавот скокнал и ја изел.

Поука: На американците не треба да им се верува ни во басните.

2. Еден ден, во прелетување низ шумата гавранот видел парче леб. Вешто го зел и почнал да си размислува:

-  Не смеам да си дозволам да ме прелаже лисицата како со оној гавранот во басната. Ако лисицата каже „добар ден гавране“ јас ќе се правам на луд, зашто ако прозборам ќе ми падне лебот.“

Така лисицата, која исто така ја читала басната, го здогледала гавранот со парче леб, и се одлучила повторно да се обиде да биде главна во литературата.

Л: Добар ден гавране.
Г: (молчел)

Л: Добар ден гавране!
Г: (молчел)

Л: Гавране, директорот ти се швалерисува со жената!
Г: Штоооо? (и отиде лебот)

Поука: Молчи кога директорот ќе ти ја легне жената затоа што ќе останеш без леб!

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg