Малку мудрост за жените
Ако мислите дека сте доволно мудри време е да ја освежите меморијата.
Ова се неколку мудри модерни приказни кои ќе ви помогнат да извлечете добра поука:
1. Три мачки сакале да поминат преку пруга, но поминувал воз. Бидејќи не сакале да чекаат се решиле една позади друга да поминат Помеѓу предните и задните тркала на возот.
Претрчала првата, но задните тркала ја фатиле за опашката и и’ ја исекле на пола. Втората, исто како првата, завршила на другата страна со пресечен опаш.
Третата, видела како поминале првите две, го свиткала опашот меѓу задните нозе и претрчала. Меѓутоа се сплеткала во сопствениот опаш, паднала и возот и ја отсекол главата.
Поука: Кога „мачка“ ќе осети нешто помеѓу нозе – ја губи главата!
2. Оделе две рози низ пустина и си муабетеле.
Роза 1: Те молам дај ми малку вода.
Роза 2: Ма не ме замарај.
Поминале неколку дена, и пак:
Роза 1: Те молам, те молам дај ми!
Роза 2: Ти реков да не ме замараш бре!
Набрзо првата роза овенала.
Не поминала ни една недела, овенала и втората роза.
Поука: Дала, не дала – ќе овенеш!
3. Се решил младиот ѓавол да се жени па отишол кај татка си да праша каде да најде девојка. Татко му му вика:
- Знаеш сине овде во пеколот има само к*рви, ти убаво оди си на земјата па таму улови си некоја поштена жена.
- А, како да препознаам таква?
- Само свирни по неа, која ќе се сврти, таа е к*рва, а која ќе продолжи да си оди е поштена.
Отишол младиот ѓавол на земјата, свирнал по девојки и конечно нашол една што не се свртела, ја однел во пеколот и се оженил со неа.
Поука: Девојки, к*рвајте се, инаку ќе ве однесе ѓаволот!