„Имам маж, дали смеам да одам на кафе со другарките и колешките?“
Да, мила, смееш да излегуваш со другарките и колешките. И не мила, стапувањето во брак не значи смрт за твојата независност и погреб за сите работи кои некогаш среќна те правеле.
Да, да 21-ви век сме и прашањево некои жени сè уште си го поставуваат, многу од нив тајно тивко во себе, но „најхрабрите“ дури и јавно.
Да, мила, смееш да излегуваш со другарките и колешките.
И не мила, стапувањето во брак не значи смрт за твојата независност и погреб за сите работи кои некогаш среќна те правеле.
Во ред е ти да правиш компромиси и да не бидеш главната ѕверка на сите забави потоа, но дефинитивно не е во ред да се откажеш од својот идентитет и да станеш огорчена домаќинка со окови.
И не, не ги судам жените што одлучиле да живеат на начин работа, дома, деца, ручек, легни си, ако тоа сами го избрале, но ги судам ако им е наметнато, несреќни се и не преземаат ништо во врска со тоа.
Ги судам ако прават така затоа што ете така треба, што ќе кажат другите, да не се налути мажот, да не не се доволно добри мајки и сопруги ако земат 2 часа слободно време за да здивнат со колешките.
Ги судам ако одлучат да ги закопаат сите дотогашни пријателства, им кажат збогум на луѓето кои некогаш живот им значеле, на оние другарки со кои како деца играле брканица и криенка, а како тинејџерки плачеле по дечковци.
Ги судам ако обожаваат да спортуваат, но сега веќе сметаат дека е „себично“ да одделуваат време за тоа. Имаат грижа на совест кога еднаш ќе одлучат да појдат на фризер да се исфенираат или да си купат нови чевли.
И не бракот не е погреб на вашиот живот, тој е само нова фаза, надградување. И да, ќе има промени, но вие сè уште сте вие.
Никој не смее да ви го избрише личниот идентитет и да ве стави во затвор од кој треба да барате пропусница за правење на секоја една активност која ве прави среќни.
Да, мила, смееш да пиеш кафе со колешките и пријателките, смееш да бидеш среќна, затоа што таа твоја исполнетост и ведрина потоа ќе ја пренесеш и во својот дом и ќе имаш убав и хармоничен брак. Нема да бидеш полна фрустрации, тажна и подготвена да се разлутиш и за најмалата ситница.
Сигурно и твојот сопруг гледа фудбал, пие пиво со пријателите, оди во кафена, можеби спортува или прави други работи што го исполнуваат. Зошто да не и ти?
Сосема нормално е, сосема природно е... Кажавте „да“ на љубовта и поддршката до крајот на животот, не кажавте „да“ на робија и страдање до крајот на животот.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com