10 заповеди на Индијанците
Не е точно како стигнале до Европа мудростите на индијанците. Ако потекнуваат од пражителите на Америка, би требало точно да се утврди од кое племе доаѓаат затоа што секое племе имало свој јазик, култура и свои обичаи.
Можно објаснување е дека едно племе ги пренело заповедите на доселениците и од тогаш почнале да се сметаат за единствени закони по кои се водат индијанците. Убаво е да ги прочитате, а можеби и ќе може да се прилагодите на нив.
Заповеди на индијанците:
1. Кон Земјата и сите живи суштества однесувај се со почит! (заостри го погледот)
2. Биди во непрекината врска со Големиот Дух! (слушај го внатрешниот глас)
3. Цени ги најблиските. (Биди вреден за почит)
4. Вклучи се во создавање подобра иднина за човештвото (придонеси со она во што си најдобар)
5. Помагај во секоја прилика (подобро помагај повеќе отколку помалку)
6. Прави го она во што си сигурен дека е добро (мисли пред да делуваш)
7. Грижи се за рамнотежа на духот и телото
8. Вложи напор за повеќе добри дела
9. Биди искрен (кон другите и кон себе)
10. Преземи одговорност за своите дела (не ги обвинувај другите)
Една мудрост од индијанците: Оди исправено како стебло. Живеј го животот силно како планина. Биди нежен како пролетниот ветер. Чувај ја топлината на сонцето во срцето и големиот дух секогаш ќе биде со тебе.
Една легенда за индијанците:
Стар индијанец му раскажувал една вечер приказна на внукот за вечната борба меѓу луѓето. И рекол:
“сине, борбата меѓу двата волци се случува меѓу сите нас. Еден е зол и во него преовладува гнев, завист, љубомора, самосожалување, лутина, инфериорност, лаги и егоизам. Другиот е добар и во него преовладува радост, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, љубов, сочувство, дарежливост, вистина и вера.“
Внукот го прашал: „Дедо, а кој волк победува?“
Индијанецот одговорил: „Оној кој ќе го нахраниш подобро!“