Најинтересните мисли
Ова се уште неколку интересни мисли и графити. Дел од нив се мошне вистинити. Ако ништо друго, барем ќе ве насмеат.
Наш фаворит: „Подобро да молчиш и да те сметаат за глуп, отколку да прозбориш и да ги ослободиш од сите сомнежи.“
1. Мене парите и славата не ме интересираат. Ме интересираат само парите.
2. Штедете на солзавец – ќе плачеме и без него.
3. Убиј еден и си убиец, убиј илјада – тогаш си херој, убиј милиони – тогаш си премиер.
4. Бидејќи паметните попуштаат, глупаци владеат со светот.
5. Матичар е судија кој те осудува на доживотно.
6. Човечката памет е ограничена. Глупоста не.
7. Да се греши е човечки, но чувството е божествено.
8. Теорија на релативитет: едно влакно во супа е релативно многу, а на глава – релативно малку.
9. Зборувај српски за да те бомбардира цел свет.
10. Инфаркт. Ма каков и да е – од срце е!
11. Најлесен начин да ве пишува по весници е да ги читате додека поминувате улица.
12. Само еднаш се сака – се друго е пракса.
13. Не сакам митинзи. Најдобрите места секогаш ги добиваат цајканите.
14. Кога цајкан скока во вода, се слуша ГЛУП!
15. Тито врати се, сè ти е простено.
16. Подобро да молчиш и да те сметаат за глуп, отколку да прозбориш и да ги ослободиш од сите сомнежи.
17. Ве молиме да живеете како знаете и умеете. На гробиштата веќе нема место.
18. Ако ми позајмиш 100 евра, цел живот ќе ти бидам должник.