„Ова е сè што сакам да можев да ѝ кажам на 20-годишната јас“
„Драга 20-годишна јас,
Од каде да почнам? Од моментот кога матурираше и го напушти малиот град во кој никогаш не припаѓаше. Сакаше да патуваш низ светот, да видиш различни држави. Но, пред да го направиш тоа, имаше многу сомнежи на кои им посвети повеќе внимание отколку што заслужуваат.
Ако постои некој совет кој би ти го кажала сега, е да им обрнуваш помалку внимание на момците од факултет кои ти велеа дека не се спремни за врска или дека не е до тебе. Не се обидувај ниту да ги анализираш, ниту да го пробиваш кодот, особено на возраст кога ни ти не си подготвена на тоа.
Ќе дојде момент и за љубов, а во меѓувреме фокусирај се на студиите. Да, знам дека звучам како твојата мајка, но кога ќе стигнеш на овие години, ќе ти недостига сето тоа.
Избриши ги апликациите за онлајн запознавање и гради квалитетни пријателски односи. Гледајте серии, порачувајте пица, излезете на танцување... Ќе имате луди спомени од тоа.
Пред да го затворам ова писмо до тебе, еве го последниот мој совет. Не грижи се за оние луѓе кои ти велат дека треба поздраво да се храниш. Како студентка, толку можеш. Денешната јас ти кажува дека си прекрасна и дека имаш убаво тело.
Помалку грижи се за момците, добивај добри оценки и нештата сами ќе се средат. Згази цврсто, релаксирај се и уживај во она што доаѓа.
Најискрена,
Ти од иднината, но помудра.“
Е. Д. | Црнобело