Што навистина значи љубовта кон себе?

Љубовта кон себе, односно грижата за себе не значи дека мора да се разгалуваме дозволувајќи си го секое задоволство - понекогаш е добро некои задоволства и да си ги скратиме.

shto-navistina-znachi-ljubovta-kon-sebe-01.jpg

Помислете на децата. Ако имате дете, сигурно бескрајно го сакате, но и покрај тоа, некои нешта му ги забранувате и го насочувате по патот на дисциплината. Истото го правеле и вашите родители. Сигурно не ви дозволувале да се прејадете со слатки пред оброк или да учите вечерта пред тестот.

Како возрасни знаеме дека мора да негуваме здрави и продуктивни навики. Како и на децата, така и на сите останати потребни им се љубов, топлина, поддршка, разбирање и дисциплина - сето тоа во разумни граници. Најважен фактор во ова е и односот кој го имаме со самите себе.

Затоа, кога следен пат ќе се разбудите рано за да стигнете на тренинг, кога ќе одолеете на десертот или нема да се вклучите на Фејсбук за да ја видите нотификацијата, ќе знаете дека тоа сте го направиле за себе. Кога ќе почувствувате дека од нешто се откажувате, за да можете да направите нешто друго, знајте дека со тој гест сте си покажале себе дека се сакате.

Повторувајте си: „Јас не се измачувам себе, на овој начин всушност си покажувам колку се сакам.“

Со помош на оваа реченица и нејзиното повторување, самодисциплината и љубовта кон себе веќе не се толку тешки процеси.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg