Закон за работни односи

Кога би можеле да го одберете совршеното работно место, како би изгледало? Што би правеле? Кога би оделе на работа? Кога би сте си оделе дома? 

zakon-za-rabotni-odnosi-001.jpg

Колкава плата ќе имате? Дали би имале простор за забава во работното време? Ние ви ги претставуваме измените во Законот за работни односи кои со сигурност ќе ви одговараат:

Член 1

Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро. Шефот е должен да гo пречекува секој работник на врата со слатко и вода.

Член 2

Надоместот за својата работа ја одредува работникот во договор со своите домашни.

Член 3

Пред почеток на работата на работниците се дава нешто за поткрепа:

- ладно пиво

- сендвичи

- вино

- коњак

- ореви и мед

Сето тоа на трошок на претпријатието.

Член 4

На работа е дозволено да се запее. Ако некој работник запее, останатите се должни да прекинат со работата и да се придружат на пејачот.

Член 5

Доколку некој работник заспие на работа, останатите работници се должни во тишина да го покријат и да ги напуштат работните места како не би му сметале, но за тоа имаат право на паричен надомест како да работеле.

Член 6

Во отсуство на шефот, работниците имаат право на организирање забава на товар на претпријатието. Трошоците, како и евентуалните штети се покриваат од добивката на претпријатието.

Член 7

Паузата за доручек трае од 10:30 до 13:30, без право на било какво скратување или некористење.

Член 8

Ако во работното време трае некоја серија (пр. "Шехерезад", "Кога лисјата паѓаат", "Фиорела", „Алборада“, „Мадастра“ или реприза на некоја емисија која работникот не ја гледал претходната вечер, претпријатието е должно да обезбеди ТВ приемник со минимална големина на екран 70cm, за да овозможи следење на истата со паричен надомест за работникот како да работел. Ако работникот ја следи емисијата и истовремено врши било каква друга работа (одговара на телефонски повик, подредува документи и сл.) надоместокот се удвојува.

Член 9

За смена на шефот потребна е петиција со потписи на 2 (два) работника или само еден посилен работник, кој може да дејствува без потпис.

Член 10

Во согласност со позитивните законски прописи, работникот може да го замоли шефот да ја доврши работата наместо него и да му биде на услуга (пр. да му го додаде пивото од замрзнувачот - фирмата е обврзана да обезбеди замрзнувач кој не користи фреон, со најмала зафатнина од 8 литри по работник).

Член 11

Ако работникот од фирмата се жени (мажи), фирмата е должна да му (и) обезбеди чеиз со висина од една годишна просечна плата и ги превземе сите трошоци од момaчката/девојачката вечер, како и 85% од свадбените трошоци. Фирмата на тој ден престанува со работа на неколку дена (по желба на зетот/снаата).

Член 12

Крајот на работното време е во 14:30. Работниците ја напуштаат работата пропратени со тактови од музика предвидена за овој настан. Шефот е должен да се заблагодари на секој посебно за работниот придонес со искрено ракување.

Член 13

Портирот е должен на секој работник пред излез од кругот на фирмата му ја прегледа торбата. Доколку не најде ништо, должен е работникот ВЕДНАШ да го врати во фирмата како овој би можел да земе нешто за себе. На постарите работници овие работи им се носат на домашна адреса со службено возило на претпријатието, под услов нивната тежина да е поголема од 2kg.

Ако работникот не е способен да ја носи тежината наведена во претходниот пасус, треба за тоа да приложи лекарско уверение.

Член 14

Доколку работникот во текот на ноќта сонува за работата, фирмата е должна да плати надомест за ноќна работа, со двоен износ за хранарина секако без превоз.

Член 15

Покрај дневен печат, во вторник и петок работодавецот мора да обезбеди билтени од најмалку три кладилници, за непречено одвивање на кладењето и избор на најповолни коефициенти. Во случај работникот да го згрешил коефициентот или ливчето да му пропадне за една утакмица, Претпријатието е должно да му исплати апанажа од 20% од вредноста на добивката, поради стрес и недоволна концентрација за опклада од работното место.

Член 16

Ако се забележи дека вработен се однесува чудно (работи многу брзо, се оптоварува со работата и не ја користи паузата во целост, или годишниот одмор), треба веднаш да се пријави кај претпоставените и јавно да се укори пред сите вработени (за многу големи фирми, може да се обеси неговата слика во А4 формат на огласната табла, со натпис ШУГА). Истиот треба да биде игнориран се додека не се поправи.

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg