Три емоции кои често ги толкуваме погрешно
Многу често позади нашите чувства и емоции се кријат многу поинакви причини од оние кои мислиме дека ги предизвикуваат.
Затоа секогаш мора да бидеме смирени и да не дозволуваме емоциите да надвладеат над разумното однесување. Само на тој начин ќе откриеме што точно ги предизвикува тие емоции.
Ова се трите најчести емоции кои погрешно ги толкуваме:
Мислиме дека сте посрамени, но можеби сте...
Виновни
Срамот е субјективно доживување на сопственото однесување, а вината се однесува за нешто што сме направиле, но се чувствуваме лошо поради тоа. Затоа, извинете се кога знаете дека сте згрешиле и нема да имате проблем со оваа емоција.
Понижени
Срамот и пониженоста се две различни чувства, кои предизвикуваат слична ментална реакција и често се мешаат. Понижувањето доаѓа од други лица, додека срамот е исклучиво персонална емоција.
Мислите дека сте под стрес, но можеби сте...
Преоптоварени
Чувството на стрес може да се појави при недостаток на одредени ресурси (на пример време и пари). Преоптовареноста со проблемите може да направи да мислите дека сте под стрес, но всушност да е нешто моментално и минливо.
Анксиозни
Стресот е поврзан со одредена ситуација, додека анксиозноста е долгорочна состојба. Ова е основната разлика меѓу овие две чувства.
Мислите дека сте бесни, но можеби сте...
Нервозни
Не е тешко нервозата и бесот да бидат измешани. Разликата е во тоа што бесот е долготраен, а нервозата исчезнува кога ќе исчезне и причината за нејзе.
Фрустрирани
Бесот е испровоциран од неправда, а фрустрациите доаѓаат од незадоволство. Важно е навреме да направите јасна дистинкција меѓу овие две емоции.
Е. Д. | Црнобело