Две силни будистички пораки за оние кои се премногу самокритични

Самобендисаноста и ароганцијата не се посакувани карактеристики кај личноста, но не е добра ниту преголема самокритичност.

dve-silni-budistichki-poraki-za-onie-koi-se-premnogu-samokritichni-01.jpg

Понекогаш луѓето се склони претерано да се самообвинуваат за многу нешта, дури и за оние за кои воопшто не се виновни. Затоа, мора да престанат со тоа.

Критикувањето е бескорисно и штетно кога е претерано. Наместо да се самокритикуваме, подобро е да излеземе од менталната заглавеност и да ја видиме поголемата слика.

Будистите следат две големи вистини поврзани со себеспознавањето:

Вистина 1: Промената е единствената константа во вселената

Будистите веруваат дека промената е неизбежна. Времето се менува, вие се менувате, вашето тело, луѓето и светот околу вас. Промената е насекаде и тоа не можете да го негирате.

Кога се обвинуваме себе за нешто, треба да се сетиме дека промената е неизбежна. Направените грешки не можеме да ги избришеме, но можеме да научиме од нив.

Грешките не се она што сме ние. Никогаш нема простор за самообвинување, туку само за учење.

dve-silni-budistichki-poraki-za-onie-koi-se-premnogu-samokritichni-02.jpg

Вистина 2: Причини и услови

Промените се темелат на причини и услови. Според Будизмот, сите имаме моќ за делумна промена на причините и условите.

Навистина може да постојат стотици причини зошто денеска сте во ситуација каква што сте, но постојат и непознати компоненти и секако, неизбежни промени.

Поради тоа, не треба да се обвинувате само себе кога нешто ќе ви се случи, туку треба да бидете свесни дека во сето тоа учествуваат и други причини. Затоа, разберете и прифатете дека промените се неизоставен дел од животот, какви и да се.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Ги избришав од животот луѓето кои немаат време за мене „Направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Ц...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg