Поучна приказна за врската на децата и родителите
Јато штркови, како и секоја година, летало на југ. Во едно од семејствата штркови едно мало машко младенче немало доволно снага да го издржи целиот пат.
Таткото на младенчето го ставило на својот грб и го продолжиле летот.
Над океанот таткото го прашал својот син:
„Сине, кога ќе остарам , ќе ме носиш ли на твојот грб, исто како јас тебе сега?“
„Да, тато, ќе те носам.“
Таткото изненадено се свртел на страна и го отфрлил синот од грбот за да мора сам да лета.
Следната година се повторила истата приказна.
„Сине, кога ќе остарам , ќе ме носиш ли на твојот грб, исто како јас тебе сега?“
„Да, тато, ќе те носам.“
Таткото повторно се свртел на страна и го отфрлил синот од грбот за да мора сам да лета.
Третата година, семејството повторно тргнало на југ.
„Сине, кога ќе остарам , ќе ме носиш ли на твојот грб, исто како јас тебе сега?“
„Нема, тато.“
„Зошто?“, го прашал таткото.
„Затоа што тогаш ќе го носам своето дете“, одговорило младенчето.
Таткото го погледнал својот син задоволно и продолжиле со летот.