Канцелариски тајни

Ви се работи, но и не ви се работи. Понекогаш ви е преку глава од се и сите и само сакате да побегнете од канцеларија и од работните обврски (секако без да оставите лош впечаток кај колегите и претпоставените).

tajnite-na-kancelariski-rabotnici-001.jpg

Ова се 8 тајни на канцелариските работници:

1. Никогаш не излегувајте од канцеларија без хартија или тефтер во рака

Оние кои носат листови или тефтер изгледаат како зафатени, на пат на важен состанок. Оние со празни раце изгледаат како да одат во кујна или да запалат цигара.

Освен тоа, потрудете се да носите колку може повеќе хартија и дома за да оставите впечаток дека и таму работите.

2. Компјутерот дава изглед на зафатеност

Ако користите компјутер, на оние кои гледаат од стрна им делувате зафатени. Вие можете да чирате забавни сајтови (пример како сега CRNOBELO.com) или да играте карти и дремете на Skype.

3. Гужва на бирото

Само шефовите може да имаат чисти бироа. За сите останати тоа е знак дека ништо не работат. Распоредете документи на целото биро.

Важна е количината. Ставете документи и од минатата година - не е важно. Ако чекате некого баш неговиот документ ставете го во средина на гужвата и најдете го таму кога тој ќе се појави.

4. Автоматска секретарка

Никогаш не се јавувајте на телефон ако имате говорно сандаче. Колегите не ве бараат да чујат како сте, туку за да ви дадат работа. Така не може.

Понекогаш најдете време да ги преслушате пораките за време на пауза кога сигурно колегата не е во канцеларија и оставете му порака на масата дека сте го барале.

5. Изгледајте луто

Секогаш бидете лути и намрштени - тоа кај шефот остава впечаток дека имате премногу работа.

6. Одете си доцна од работа

Особено кога шефот е на работа. За тоа време може да читате весници или да решавате крстозбори. Кога ќе си одите дома, задолжително поминете покрај канцеларијата на шефот.

7. Збогатете го својот речник

Читајте весници и книги на компјутер и одберете непознати зборови. Слободно употребувајте ги во разговорот со надредените - тие не се должни да ве разберат.

8. Имајте 2 сакоа

Ако работите во голема канцеларија секогаш оставете резервно сако на столицата. Тоа изгледа како да сте отишле некаде на кратко. Второто сако облечете го кога шетате или правите други обврски во работно време.

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg