„Го фатив автобусот за Скопје и ја научив најубавата лекција за љубовта од случаен сопатник“

„Автобусот кон Скопје, како и секогаш, беше со по некое расипано седиште, малку прашина и неизбришани прозорци, беше речиси полн. Ја погледнав картата и моето седиште имаше реден број 32. Се молев никој да не седнува до мене, но седна маж во доцните четириесетти години од животот и ми раскажа за девојката што ја запознал пред многу години... Дефинитивно, разговор кој ми го промени животот, мора да го споделам.“

go-fativ-avtobusot-za-skopje-i-ja-nauchiv-najubavata-lekcija-za-ljubovta-od-sluchaen-sopatnik-01.jpg

Беше понеделник, помеѓу сивото небо и дождот на земјата јас барав каде припаѓа мојата душа, на часовникот стоеше 17:30 часот, брзав да го фатам автобусот за Скопје кој тргнуваше петнаесет минути подоцна.

Со мене немав никаков багаж освен мојата емоционално истрошена душа. Патник без багаж со многу прашалници во главата, идеална понеделничка монотонија си помислив.

Не знам што мразев повеќе во тој момент, себеси или денот.

Стигнав навреме, се качив и само сакав да го пронајдам моето место, да ги затворам очите и да се надевам дека кога ќе се разбудам сѐ ќе помине.

Автобусот како и секогаш, по некое расипано седиште, малку прашина и неизбришани прозорци, беше речиси полн.

Ја погледнав картата и моето седиште се наоѓаше во вториот дел со реден број 32. Си помислив нека не седнува никој, немам намера да зборувам.

Но, како и секогаш, од милион седишта слободни на светот, ми пријде човек и ме праша дали може да седне на местото до мене. Со кисела насмевка кимнав со главата, без да кажам збор.

До мене седна еден средoвечен човек во доцните четириесетти би рекол, се гледаше дека патува поради работа. Носеше темно-син, кариран костум со кафени кондури, кои беа иста боја со неговата шапка, прилично скапиот часовник и кожените ракавици, дури и актовката во неговите раце беше слична нијанса.

Се гледаше дека се погрижил за својот изглед, сигурно беше некој успешен човек, си помислив.

Така започна патувањето, тој со целиот свој гламур и јас со целата моја болка. Двајцата заглавени во овој автобус на пат кон Скопје.

Посакував да се свртам и да му раскажам што ме мачи, си мислев можеби ќе ми помогне. Како да се преживеат деновите кога едноставно не ти се живее, како да ја поминам оваа бура?

Не можев да се смирам, цело време размислував, одново и одново. Погледот ми се замрзнуваше и зјапав во празно дури и по неколку минути.

Човекот ме допре, за да му обрнам внимание. Јас бев избезумен и во тотално бессознание, не ми беше важно што има да каже, но сепак се завртив кон него.

„На светот постојат само два вида на луѓе. Човек и нечовек. Ние сами бираме во кое множество ќе се класифицираме.

Јас долго време бев нечовек, без никаква цел да се променам. Бев најнечувствителниот човек, лажев без размислување и трошка каење, мислев дека до мене не можат да допрат емоциите и дека можам да имам сѐ што ќе посакам.

Ми изгледаш како да те мачат слични работи” – ми се обрати тој со повисок тон и благо се насмевна.

Потоа јас му се отворив нему:

„Пред многу години запознав една девојка. Се започна на еден многу чуден начин, но бевме решени да бидеме заедно, без разлика на околностите кои не беа идеални. Се пронајдовме еден во друг и сè течеше како една приказна исполнета со љубов и почитување, барем така изгледаше.

Сето тоа беше една маска, барем јас бев тој кој си играше маскенбал, цело време кажувајќи ја најубавата лага. Но, знаеш вистината кога тогаш излегува на површината. Па, како што изминаа годините се дозна сѐ.

Почнував да сфаќам дека цело време се лажев себеси тонејќи во мојата дупка на неискреноста. Почнуваше да се гледа крајот, предизвикан од моја страна, а кажан од нејзините нежни усни.

Конечно почнав да покажувам чувства кои дотогаш биле бледи. Сфатив дека е доцна и дека не ја заслужувам. Се каев за секоја нејзина солза, за секој нејзин трепет и секоја нејзина непроспана ноќ. Се каев за сѐ.

Таа заслужуваше да биде најсреќна, а јас ја направив несреќна.”

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg