Поучна приказна: Просјакот му покажа на кралот што е најважно во животот

Секое утро, во едно мало богато кралство еден просјак без збор му носел на кралот по едно јаболко, а потоа си одел.

pouchna prikazna prosjakot mu pokaza na kralot shto e vazno vo zivotot 01

Кралот, кој бил навикнат да прима многу поскапоцени подароци од ова овошје кое му пристигало секое утро, често се потсмевал на сметка на просјакот, откако овој си одел. Сите во дворот се однесувале како кралот, затоа што не би било соодветно да не постапуваат и да не мислат како кралот.

Просјакот не се обесхрабрувал и секое утро одново доаѓал и му го давал на кралот својот подарок. Иако тоа веќе му здодеало, кралот сепак го примал дарот со кисела насмевка и го ставал во една корпа. Корпата веќе била преполна со јаболка и во неа повеќе не го собирало овошјето кое просјакот со љубов, внимание и трпеливост го носел.

Еден ден, најдрагиот мајмун на кралот земал парче од овошјето и го загризал, а потоа веднаш го фрлил пред кралот.

Кралот зачудено погледнал кон јаболкото од чија средина сјаел еден дијамант. Истиот миг наредил да се отворат сите јаболка од корпата. Во секое јаболко наоѓал по еден дијамант. Уште зачуден, кралот го викнал необичниот посетител и му побарал објаснување.

Просјакот му одговорил:

„Ви носев дарови за да сфатите дека вам животот секое утро ви носи посебен дар на кој вие заборавате поради богатството со кое сте опкружени. Тој дар е новиот ден што започнува.“

Многу работи изгледаат претерано важни, но постои добро кое надминува сѐ и кое е дијамант сокриен во нашите срца. Богатството е самиот живот и насмевката што им ја даруваме на оние на кои им е потребна.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg