Поучна приказна за царот, дворјанинот и храброста
Еве што отвора железна врата, а не е убавиот збор...
Еден цар требало да додели важна улога во неговиот царски двор, па одлучил да ги тестира своите дворјани.
Опкружен од најмоќните и најмудрите луѓе царот рекол:
„Имам недоумица и ме интересира кој од вас ќе ми помогне да ја решам.“
Потоа ги одвел до една огромна врата и им рекол:
„Ова е најголемата и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?“
Најголемиот дел од присутните веднаш почнале да одмавнуваат со главата. Мал дел од дворјаните, кои се сметале за мудреци, започнале да ја гледаат вратата одблиску, да ја допираат и да се мислат, но на крајот признале дека не умеат да ја отворат.
Но од масата исчекорил еден човек и пришол на вратата и почнал да ја гледа, допира и турка. Одеднаш со енергично движење ја потегнал и вратата се отворила.
Вратата била затворена, но не била заклучена. За отворање потребно било само самодоверба да се направи тоа во присуство на самиот цар.
Царот објавил:
Ти ќе добиеш позиција во дворот. Не се потпре на тоа што го гледаш, туку се осуди да се обидеш да го сториш тоа што на почетокот изгледаше невозможно.
С. С. | Црнобело