Кога ќе остарите, ќе жалите за...
Кога сте млади не размислувате за тоа колку шанси пропуштате. Но, кога годините ќе почнат да тежат – сфаќате.
Сетете се дека кога ќе остарете ќе жалите за...
Секоја прилика за патување која ја пропуштивте заради обврските или изговорот дека немате доволно пари.
Затоа што не научивте некој нов јазик.
Заради тоа што останавте во врската која знаевте дека требаше да ја прекинете порано.
Заборавањето да нанесете крема за сончање.
Тоа што ја пропуштивте приликата да одите на концертот на омилениот бенд, пејач, пејачка, повторно со изговор дека немате толку пари или тоа во моментот не ви е приоритет.
Затоа што се плашевте да излезете од комфорната зона и да направите работи кои сите ви велеа дека не треба да ги направите.
Затоа што дозволивте половите улоги да ве дефинираат. Можевте да срушите бариери, а не да останете во кутијата.
Заради тоа што се плашевте да кажете те сакам, кога ви одеше да го вреснете на цел глас.
Секој пат кога не ги послушавте советите на родителите.
За тоа што бевте полни себе кога реално немавте поим што и како правите.
За тоа што се грижевте што мислат другите.
Секој момент кога им помогнавте на другите да ги исполнат своите желби, но вие некако заборавивте на вашите.
За тоа што не застанавте цврсто зад своите мислења и убедувања. А, требаше. Барем добри 100 пати.
За тоа што не им поставивте некои прашања на баба и дедо пред да си заминат.
И за тоа што не научивте да готвите, бидејќи сметавте дека предност е цел живот да јадеш веќе зготвени јадења.
Секој пат кога нешто сте почнале и сте го оставиле недовршено. Без разлика дали се работи за реализација на идеја или договор.
М. Д. | Црнобело