Тој сакаше да биде султан наместо султанот: Враќање во времето на „Iznogoud“
Се сеќавате ли на големиот везир Iznogoud и неговите забавни итроштини за да дојде до тронот?
Можеби и вас еден од цртаните филмови кои ви го обележаа детството е оној за авантурите на големиот везир Iznogoud, кој упорно се трудеше да го елиминира султанот од тронот и да стане султан наместо султанот, но никогаш немаше успех во тоа.
Оваа француска комична серија е инспирирана од серија француски стрипови, направени од писателот René Goscinny и уметникот Jean Tabary. По смртта на Goscinny во 1977 Tabary продолжува да пишува за ликовите.
Приказните се преведени на неколку светски јазици, а потоа се адаптирани како анимирана серија.
Станува збор за дејство во недефиниран период од минатото во Багдад каде Iznogoud секогаш е советник од сенка и никако не може да го заземе челното место во државата и да го замени султанот на Багдад Haroun El Plassid.
„I want to be Sultan instead of the Sultan“ е неговата препознатлива фраза, која говори многу за претерано амбициозните луѓе.
Преку едно од епизодите на оваа анимирана серија вратете се во едни поинакви времиња:
С. С. | Црнобело