Кратка мудра приказна: Животен век
Си бил еден човек кој имал четири сина. Сакал неговите синови да научат да не носат избрзани одлуки.
Затоа ги испратил да го најдат стеблото од круша кое се наоѓало прилично далеку. Првиот син отишол во зима, вториот во пролет, третиот во лето, и најмладиот син во есен. Откако сите отишле во потрагата и се вратиле, таткото побарал од нив да му кажат што виделе.
Првиот син рекол дека стеблото е грдо, завиено и заплетено.
Вториот рекол не – стеблото беше прекриено со зелени пупки, полни со род.
Третиот не се согласил, рекол дека стеблото било преполно со цветови кои прекрасно мирисале. Тоа било најубавото нешто што некогаш го видел.
Последниот син не се соглаил со нив и рекол дека дрвото било полно со зрело овошје.
Човекот тогаш им објаснил на своите синови дека сите одговори се точни, бидејќи сите виделе само едно годишно време од животот на дрвото.
Им рекол дека не можат да му судат на стеблото или на некоја личност само од еден период или годишно време, туку треба да ја согледаат целокупната слика за задоволството, радоста и љубовта во животот во секоја од нив.
Ако се откажете кога е зима, ќе ги пропуштите ветувањата на новата пролет и убавината на новото лето.
Немојте да пресудувате за животот поради едно тешко годишно време.
Немојте да дозволите болката на едно годишно време да ја уништи радоста на сите останати.
М. С. | Црнобело