Доза носталгија: Чудни стравови кои ги имавме во '90-тите
-->
Децата пораснати во '90-тите поминаа низ огромна револуција - од времето кога компјутерите и телефоните не беа секојдневност, кога на телевизија имаше само неколку канали и кога времето ни беше пополнето со измислени игри, до огромни промени во технологијата за кои и тоа како ни требаше време да се прилагодиме.
Како и секое дете, така и децата од '90-тите имале свои стравови. Многу теории на заговор кои ги слушавме од нашите родители, до денес ни се појавуваат во кошмарите, но за голем дел од нив, сега само слатко ќе се насмеете.
-->
Ако сте дете од '90-тите ќе се препознаете во речиси сите овие „стравови“:
1. Кога ќе дознаеш дека некој ти го прочитал дневникот.
2. Кога треба да ги кажеш имињата на сите симпатии пред другарките, додека си „гледате“.
3. Кога ќе сфатиш дека некој од семејството ти го слуша разговорот преку другиот телефон.
-->
-->
4. Кога ќе те натераа да кажеш Блади Мери три пати пред огледало.
-->
5. Кога мислевме дека светот ќе заврши на полноќ, на последниот ден од 1999-та година.
6. Кога имавме кошмари од „Courage the Cowardly Dog“
-->
7. Кога игравте криенка и толку добро ќе се сокривте, што додека да излезете, ве заборавиле и продолжиле со нова игра.
8. Страшни порцелански кукли насекаде низ домот, посебно тие со мелодија и што трепкаа.
9. Повикување на духови со пријателите, кога не смееш да покажеш дека ти е страв, а всушност се молиш навистина да не се појави дух.
10. Кога скришум се вклучуваш на интернет, затоа што твоите родители ќе те караат ако се вклучиш кога е скап интернетот.
11. Кога бевме скептични да отвориме било каков видео клип што ќе ни го покажат пријателите, затоа што знаевме дека завршува многу страшно.
12. Кога секоја година се зборуваше дека метеор ќе ја уништи Земјата.
13. Дека додека некој ве брка со пластичен пиштол, ќе ве погоди во око со меките куршуми (дијаболи).
14. Дека некој ќе ве измачка со торта откако ќе ви ја испејат „Happy Birthday“.
15. Кога требаше запчињата што ни се клатат да ни ги вадат со конец.
16. Кога после филмот „The Truman show“ мислевме дека цел живот ни е реално шоу.
17. Кога се плашевме од напуштени куќи, затоа што за секоја имаше некоја страшна приказна поврзана со духови, кои сè уште живеат таму.
18. Сите сцени од филмот „Jumanji“.
19. Страв дека твоите другарчиња пред тебе ќе ги соберат сите сликички од омилениот албум.
А. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав
Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје?
Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува!
По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години...
„Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“
Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата...
Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...