Што научив од животот, а не од родителите?
Не знам како е да бидеш родител, но верувам дека е комплицирано, комплексно, одговорно, страшно... исто така, верувам дека секој родител го дава најдоброто од себе. мислејќи дека тој знае најдобро во тој одреден момент.
Секако дека често прават грешки, но тоа е, не може да си безгрешен. Бидејќи да можат да бидат, и тие би сакале да не погрешат никаде.
Моите родители ме научија многу, но за некој поубав и порозов свет. За овој во кој живеам, животот ме научи дека...
Луѓето не треба да ги проценувам според името, презимето и местото каде живеат.
Ништо не е така како што ми изгледа, дека секоја приказна им една поинаква позадина, најчесто малку посива.
Луѓето не ги интересираат моите проблеми и дека не добивам ништо од кенкањето.
Секој пат треба да користам кондом, без оглед на тоа колку некого сакам или не сакам, познавам или не познавам.
Ако останам бремена, исклучиво јас ги носам последиците и никој друг или трет.
Може да ми се допаѓаат повеќе личности истовремено и за тоа никој да не е виновен.
Имам право да се предомислам, без оглед на тоа за што се работи.
Не треба да верувам во моногамија.
Кога комшијата ќе си ја тепа сопругата, и тоа како треба да повикам полиција, баш како кога госпоѓата која живее спрат над мене, си ги треска децата „заради дисциплина“.
Бракот е потпис на парче лист и не значи ништо освен компликации ако утре се решиш за развод.
Луѓето преку ноќ можат да се променат кога треба да стигнат до подобра позиција или повеќе пари.
На гинеколошки и стоматолошки преглед се оди редовно, без изговори - минимално еднаш годишно.
Не треба да верувам на секој, бидејќи луѓето често се лажговци.
Поважно е што јадам, отколку што носам на мене.
Имам право на грешка.
Светот не се врти околу мене и моите глупости и грешки.
Чувството на страв е сосема во ред, ако знаеш да управуваш со него.
Не треба да се врзувам за работи, бидејќи во гроб нема да ги понесам.
Важно е да патувам, да менувам локации, да се движам меѓу луѓе.
Нема да се омажам и да родам деца по секоја цена.
На никој не сум должна да се објаснувам, ниту пак другите ми се должни мене да ми се правдаат.
Сексот може да биде забава, уживање, убивање време, начин на комуникација и се случува и надвор од браковите и врските.
Не треба да го пикам носот во туѓите избори и живот, иако некогаш, признавам, забавно е.
Не ми се троши време на глупави луѓе.
Егото многу често е глупост која создава погрешна, нејасна или заматена слика на работите.
Слободата е поважна од статусот.
Секогаш кога нешто не разбирам, јасно и гласно треба да прашам, а не да се правам паметна.
Пушењето цигари е прилично грозна и скапа навика која не е неопходна во овој не така совршен живот.
Секој од нас има некоја мрачна страна и тајна за која не сака никогаш никој да дознае.
Да имаш одобрен минус на картичката е замка, но и добра финта да си ги тренираш нервите.
Не сум ниту подобра, ниту полоша од сите останати на светов.
М. Д. | Црнобело