Заљубете се во тоа што го имате сега, не она што сакате да го имате утре
Некои велат дека треба перманентно да бидете незадоволни со тоа што го имате и дека секогаш треба да сакате и да целите кон повеќе.
Велат дека чувството како нешто да ви недостасува во животот е клуч на успехот и дека невозможно е да бидете среќни, ако не сте насочени кон одредена цел.
Дека ако се откажете од потрагата, ако ја препуштите иднината на самата иднина, исто како да сте се откажале од животот.
Дека морате да бидете амбициозни.
Нема време за одморање.
Јас не се согласувам со ова.
Заљубете се во тоа каде се наоѓате сега. Поклонете се пред она што го имате. Откажете се од надежта дека среќата лежи во вашата иднина, и дека вашата радост е зависна од тоа „сакам повеќе“.
Заборавете на целта, ослободете се од маѓепсаноста со дестинацијата и фокусирајте се на сегашноста. Забавете. Бидете тука. Дишете.
Реалноста е дека сте секогаш тука, во сегашноста , иако поголемиот дел од времето се обидувате да бидете таму во иднината.
Да, можно е да живеете живот без незадоволство.
Да, возможно е да доживеете успех во овој свет, да живеете живот каков сакате, дури и да го почитувате сонот за иднината, ама важно е комплетно да бидете поврзани со сегашноста.
Живеењето во овој момент не е од ден за ден, не е склопување на крај со крај, туку живеење на исполнет живот.
Некои може да го наречат ова како недостаток на амбиции, ама јас го нарекувам здрав разум, бидејќи тогаш кога ќе научите да живеете во овој момент, ќе сфатите дека сè е можно.
Н. Г. | Црнобело