Постојат другарки лажни, така стануваат неважни

Навистина е тешко да се распознаат лошите од добрите другарки, особено додека си помлада. Тогаш некако не ги забележуваш или ги премижуваш сите лоши ситници кои ти се сервираат, но за доброто на другарството сакаш да веруваш дека другарка ти сепак не е лоша личност.

Postojat-drugarki-lazni-taka-stanuvaat-nevazni-01.jpg

Случајно налетав на мојата поранешна најдобра другарка на Фејсбук. Таа изгледа супер и прилично среќна и мило ми е поради тоа. Верувам дека си нашла ново друштво, но уште посилно се надевам дека е подобра другарка отколку што беше порано.

Другарството треба да претставува извор на среќа и не треба да се зема здраво за готово, бидејќи не секој го заслужува.

Бидејќи покрај задоволство, другарството е работа и трае 365 дена во годината. Нема слободни денови, нема изговори. Во него нема простор за лаги и лицемерие.

Вистинското другарство не е натпревар на его и суети, тоа е лишено од инает и понижување.

Вистинската другарка ве разбира со поглед и знае што ќе проговорите уште додека го мислите во главата. Со неа си имате ваши интерни шеги и толку заеднички спомени,  околку колку што не можат да соберат ниту 3 дебели албуми, од оние старинските каде што се лепат сликичките и се покриваат со фолија.

Мојата најдобра другарка ме разбира, чувствува кога ќе заплачам, ми ја стиска раката и повеќе не зборува ништо. Со неа е подеднакво добра и тишината како и разговорите кои сме ги имале на илјада теми – од важни и паметни, до смешни и банални.

Таа е едноставно добра и вредна и паметна и јас силно верувам дека друштвото кое си го бирате во младоста ве обликува во човекот каков што сте денес.

Ако одберете лошо друштво, многу веројатно е дека и вие сте лош човек.

Вистинската другарка ја дели вашата тага, а ја множи среќата и ако сте барем малку паметни, вие ќе ја возвратите услугата. Секогаш, во секое време, без изговори.

А кога нема да можете да стигнете некаде, тогаш ќе се извините. Извини не би требало да биде најтешкиот збор кога се работи за доброто на другарството.

Вистинската другарка ќе се радува за вас искрено и од срце. Нема потајно да ви завидува и да сака да биде на вашето место.

Нема да ви ги краде симпатиите и дечковците, нема крволочно да ги бара последните 5 денари, затоа што другарството не е еднаква поделба на кусурот, тоа просто нема цена.

Денес едниот има повеќе, утре другиот, животот е тркало, а кога другарката ќе остане покрај вас и кога сте на дното како и на врвот, тогаш бидете среќни.

Затоа што не е со вас заради материјална корист или некаков углед. Нема намера да ви дотура сол на раната кога ви е најтешко, никогаш не ви се обраќа со осудувачки и надмен тон „Ти реков...“.

Мојата другарка ми кажа која песна би сакала да ѝ свири на погребот. Тоа беше еден страшно смешен и морбиден момент, затоа што започна со констатацијата – Здравје Боже, кога ќе дојде време, јас сакам со оваа песна да ме испратите.

И ми го кажа мене. Од сите луѓе на светот, мене. И дел од моите тајни ги знае само таа.

И можам мирно да спијам, бидејќи знам дека не би ги издала никогаш.

Тоа е другарството, еден збир од смешни и сериозни, среќни и тажни моменти.

Нема осуда, нема понижување, не трпи ароганција. Но, има искрени совети, конструктивни критики, има рамо за плачење во секој момент и поддршка за уште една текила кога мислиш дека веќе не можеш повеќе.

Да пронајдеш другарска сродна душа во еден толку огромен циничен свет е реткост. Бидејќи роднините ти ги определува крвната линија, но другарите си ги бираш сам. И доколку си среќен ќе имаш макар еден, но вистински.

А сите лажни, време е да ги пречкртате од списокот и да ги сместите во колоната неважни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg