Бракот според професијата
Како го замислуваат бракот луѓе со различни професии? На интересен начин откријте што за некого значи бракот, што е веридба децата, куќниот пријател, бабата...
И насмејте се!
Професори по македонски јазик:
БРАК е апстрактна именка, додека пак ВЕРИДБА е граматичка грешка во претходно составената реченица. ДА СЕ ОЖЕНИШ е глагол кој често одговара на прашањето КОГА, меѓутоа најчесто на прашањето КОЛКУ. ОЖЕНЕТ е придавка изведена од претходно споменатиот глагол. На сето ова ДЕЦАТА се императив, а КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ ти е лична заменка.
Професори по математика:
ВЕРИДБА е парен број кој често може да биде и непарен, БРАК е математичка операција множење, а ДЕЦАТА се резултат. Во веридбата ТОЈ вреди 2, ТАА вреди 1, а БАБАТА (Мајката на невестата) 0. Во бракот БАБАТА вреди 2, ТАА вреди 1, а ТОЈ 0. КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ е непозната x, a БАБАТА е злоба на квадрат.
Правници:
ВЕРИДБА е парница, БРАК е изгубена парница, ДЕЦАТА се отежнувачка околност, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е олеснителна околност, а ТАШТАТА е врвна инстанца.
Доктори:
ВЕРИДБА е лоша превентива, БРАК е последица на лош зафат, ДЕЦАТА се компликација, БАБАТА е тумор кој често е малигнен, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е погрешна дијагноза.
Инженери:
ВЕРИДБА е проект, БРАК е неуспешна конструкција, ДЕЦАТА се непланирани трошкови, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е извршувач на техички работи, а БАБАТА е корозија.
Економисти:
ВЕРИДБА е можен пласман, БРАК е договор, ДЕЦАТА се анекс договор, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е кооперант, а БАБАТА е данокот.
Mузичари:
ВЕРИДБА е дует, БРАК е дисхармонија, ДЕЦАТА се солисти на кои им треба придружба од цел оркестар, БАБАТА е диригент, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ оној кој ќе издржи до крајот на концертот.