Мудра бајка за пријателството
Еден ден глувчето ги видело фармерот и неговата жена како отвораат некој пакет. Се запрашало за каква храна овој пат станува збор. Но, кога...
...открил дека станува збор за стапица за глувци, го фатило страв.
Трчало низ дворот на фармата и ги предупредувало останатите викајќи: “Во куќата има стапица!“.
Кокошката ја подигнала главата и му одговорила:
“Господине глушец, тоа е сериозен проблем за тебе, но нема никакви последица за мене. Јас не морам да се грижам за тоа.“
Глушецот се свртел кон прасето и викнал: “Во куќата има стапица! Во куќата има стапица!“.
Прасето сочувствувало, но му одговорило: “Многу ми е жал господине глушец, но јас не можам ништо да направам освен да се молам за тебе. Биди сигурен дека си во моите молитви.“
На крај глушецот се свртел кон кравата и викнал: “Во куќата има стапица! Во куќата има стапица!“ Кравата одговорила: “Ох, господине глушец, жал ми е за тебе, но од мене нема да фали парче кожа.“
Така, глувчето се вратило одбиено со крената глава во куќата за сам да се соочи со стапицата на фармерот.
Таа ноќ се чул чуден звук во куќата – како звук кога стапицата ќе го фати својот плен. Жената на фармерот побрзала да види што се фатило. Во темницата не забележала дека стапицата фатила отровна змија за опашот. Змијата ја гризнала. Фармерот брзо ја одвел жена си во болница и дома се вратила со температура.
Температурата најчесто се лечи со пилешка супа, па фармерот ја заклал кокошката.
Болеста на жена му продолжила, па во посета дошле пријателите и соседите. За да ги нахрани, фармерот го заклал прасето.
Жената на фармерот за жал не оздравела и умрела. На нејзиниот погреб дошле многу луѓе па фармерот морал да ја заколе и кравата за да се осигура дека ќе има доволно месо за сите.
Глувчето тажно го гледало сето ова низ својата пукнатина во ѕидот.
Затоа, следен пат кога ќе слушнеш дека некој се соочува со проблем за кој сметаш дека не те засега, сети се – кога еден од нас е загрозен, сите сме во опасност.
Сите сме заедно во патувањето наречено живот. Мораме да внимаваме едни на други и понекогаш да направиме додатен труд за да охрабриме некој од нас.
Една од најдобрите работи на овој свет е пријателството.