Интересни изреки (3 дел)

Интересните изреки кои ни го разубавуваат денот се покажаа како неисцрпни. Секогаш се појавува нешто ново.

interesni-izreki-3-del-001.jpeg

Ова е трето продолжение на интересните изреки на нашиот портал. Ви посакуваме убаво расположение и насмевка!

  • Кој рано рани цел ден зева.
  • Кога те гледам мислам новчаникот сум го заборавил дома.
  • Слепа кучка брзи кучиња раѓа.
  • Тебе сигурно те викаат сипаница, сите те прележале.
  • Паметот да ти го имам, да одморам малце.
  • Јак си како земја. Сите те газат.
  • Кој рано рани или е пекар или е будала.
  • Во лицето изгледаш како да не си стигнал да ја деактивираш бомбата
  • Глупоста ако има нозе, ти би била стоногалка.
  • Ау ама убави заби, што си пушел, петарди?
  • Те молам носи некој беџ, да знам која ти е предната страна.
  • Зошто би се изложувале на мамурлук. Останете пијани.
  • Направи нешто за татковината - емигрирај.
  • Секс е едниствената борба во која сите победуваат.
  • Баш е добро што пивото не остава дамки од кафе.
  • Ако пред спиење се избричиш со секира, ќе спиеш како заклан.
  • Позајмувајте пари само од песимистите, тие не очекуваат дека ќе им ги вратите.
  • Кој работи тој и греши, рече петелот и се симна од патката.
  • Ако не одиш да купиш леб, или ќе ти го купат други, или трети.
  • Весел моторциклист се познава по мушичките меѓу забите.
  • Дојди кај мене, играме шах и мене ми фали еден коњ.
  • Златната рипка ми исполни 2 желби. Третиот пат не можев.
  • Врвна глупост е кога родениот татко ти објаснува дека си постанал од мајмун.

Би можело да ве интересира:

Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg