Секој се заљубува во сродната, а не во идеалната личност
„Мојата другарка Тања е судски медицински вештак, има 42 години, долги и убави прсти.
Пуши јаки цигари, пцуе и не се плаши од смртта. Тања има сопруг, кој е 9 години помлад од неа. Тој е главен архитект во навистина добра градежна фирма. И е неверојатно убав.
Тој ги прави највкусните колачи кои сум ги пробала. И смислува прекрасни бајки за нивните двегодишни близнаци. Кога Тања е на работа, тој ги заспива, и редовно ги проверува во текот на ноќта, бидејќи Тања е уморна.“
„Мојата друга другарка Јелена е психолог и работи во армијата. Нејзиниот прв сопруг, хирург, загина пред 12 години. Минатата година таа се омажи за снимателот кој правеше репортажа за неа.
На почетокот само се дружеа, но тогаш мојата пријателка доживеа сериозна сообраќајна несреќа и ја повреди половината, а тој речиси половина година се грижеше за неа.
Зеде неплатен одмор за да биде покрај неа. Преку викенди снимаше свадби за да може да заработи. Јелена и покрај неутешните прогнози на лекарите, застана на нозе.
Нејзиниот син го нарекува снимателот-тато. А, тој е горд на момчето, кое оваа година отиде во Стокхолм, на Олимпијада по физика.“
„Марија е професорка по филозофија и се омажи за маж без високо образование. Но, тој поправа сè по дома, понекогаш готви и ручек, ги обожава децата и забранува викање низ куќата, бидејќи мама-професорката се спрема за часови.
Марија е опседната со научната кариера и планира специјализација во Кина. Нејзиниот сопруг е опседнат со неа...
Тој не знае кој е Хегел и која е неговата филозофија, не знае што е ниту егзистенцијализам, ниту пак како тој настанал. Но, затоа тој знае кој број чевли носи Марија и не заборава да ги смени летните гуми на нејзиниот автомобил.
Мажот на Марија има сопствен бизнис за производство на машини за обработка на дрво. Не е некој богаташ, но е човек на место.“
И кога ќе почнат да ми кажуваат каква треба да биде идеалната жена за да се омажи, јас почнувам да се смеам. Затоа што секој се заљубува во сродната душа, а не во идеалната личност.
Затоа не плашете се да бидете тоа што сте и да живеете онака како што сакате.
Еден ден, кога најмалку очекувате, ќе ја запознаете вашата сродна душа...
М. С. | Црнобело