Жената е таа која знае каде ти е другиот чорап и сред ноќ да ја разбудиш...

До пред неколку децении не било природно жената да има своја работа, туку да седи дома, да води сметка за децата и домот. Впрочем, за сè што мажот не сака да се интересира... А, по некои правила, сопругот одел на работа, а дома одморал.

zenata-e-taa-koja-znae-kade-ti-e-drugiot-corap-i-sred-nokj-da-ja-razbudish-001.jpg

Денес, иако имаме право на глас, нашиот менталитет нам не ни дозволува да се дистанцираме од овој застарен начин на размислување.

Разликата е во тоа што жените покрај оние домашните обврски имаат право и за 8-часовно исцрпување.

Сè уште не е променето тоа што на пример, работите се делат на машки и женски.

Не се промени тоа што и двајцата партнери се враќаат дома од работа, ама од жената се очекува да подготви ручек.

Не се промени тоа што оние жени кои сепак остануваат дома и ги нарекуваме домаќинки, да мислиме дека по цел ден не прават ништо по дома.

Не се промени тоа што ако жените не стигнат да зготват ручек ги чека прашањето: „А, што правеше цел ден за да не стигнеш?“

Не се промени тоа што мажот кој работи заедно со својата сопруга и ги дели домашните обврски се смета за папучар.

Не се промени тоа што мајките ги воспитуваат децата, а татковците се тие кои ги чуваат децата кога мајките нема да имаат време.

Нема ова никаква врска со феминизмот... Мислам има, ама и нема.

Ова има врска со човечноста.

Понекогаш ми се чини дека мажите ја користат единствената женска слабост, онаа физичката, од страв нивните бројни слабости да не дојдат до израз.

Жените раѓаат.

Жените се тие кои се грижат за семејството.

Жените се тие кои прават распореди и организираат.

Жените се тие кои заработуваат.

Жените се тие кои знаат каде ви е другиот чорап дури и од сон да ги разбудиш.

Жените се тие кои се грижат и за најобични настинки, кога обично се далеку поболни од вас.

Жените се тие кои знаат која е таа „Ивана“ која постојано го бара синот.

Жената всушност е „магично џуџе“ кое преку ноќ го средува домот за наутро да се разбудиш во средена куќа каде таа те чека уредна.

Ако и понатаму се прашувате што прават жените по цел ден - еве цртеж:

zenata-e-taa-koja-znae-kade-ti-e-drugiot-corap-i-sred-nokj-da-ja-razbudish-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg