3-те најважни животни лекции на кои никој не ве научил

За момент да се препуштиме на фантазиите и да заиграме една игра. Замислете дека сум ви татко...

3te-najvazni-zivotni-lekcii-na-koi-nikoj-ne-ve-naucil-01.jpg

Океј, да, оваа замисла може да изгледа како чудна, но обидете се... Следете ме.

Замисливте? Сега замислете дека јас, како ваш татко, седнувам со вас искрено да поразговарам за важни теми во животот.

Татко сум ви, па мора да ме слушате.

Да почнеме...

Прва важна животна лекција - Како да престанете лично да ги сфаќате работите

Несреќен пропратен ефект на нашата свест е дека сè што искусуваме, не вклучува и нас. Автомобилот денес вас ви го пресече патот, вестите денес вас ве изнервираа. Компанијата во која работите, денес вас ве исклучи од напредувањето кое планиравте да ви се случи...

Баш заради тоа и сме убедени дека сè што се случува ни се случува на нас.

Но, да ви го „скршам филмот“, само затоа што одредени работи прават да се чувствувате на одреден начин, само затоа што се грижите за нешто, не значи дека се врти околу вас.

Ова е тешко да се запомни, уште потешко да се живее, затоа што ни е врежано во главите дека сè се врти околу нас. Да, супер се чувствуваме кога ни се случуваат одредени работи затоа што сме убедени дека сме неверојатни личности, а страшно е кога работите не се одвиваат баш како што сакаме...

3te-najvazni-zivotni-lekcii-na-koi-nikoj-ne-ve-naucil-1.jpg

И како резултат на овие сфаќања, се „качуваме“ на еден имагинарен емоционален ролеркостер и се вртиме околу ниска самодоверба, висока самодоверба, ниска, висока...

Кога работите се одвиваат како што треба, тогаш Боговите не честат бидејќи сме неверојатни, кога работите не се одвиваат како сакаме, тогаш ние сме жртва која заслужува подобро.

Кога луѓето нè критикуваат или одбиваат, тоа се случува заради нивните ставови, уверувања и вредности, не заради нас.

Но, да бидеме искрени - луѓето не се опседнуваат баш со вас. Секој си го живее животот.

И да, кога грешите, тоа не значи дека сте неуспех како личност - туку едноставно дека сте личност која понекогаш греши...

Втора важна животна лекција - Како да ве предомислуваат и да си го промените умот

Повеќето луѓе, кога ќе им ги предизвикате верувањата, се држат до нив како да се единствената работа која ќе ги спаси од бродот кој тоне.

Реалноста... е дека токму нивните верувања се бродот кој тоне. Заедно со нив.

За повеќето од нас, верувањата не се едноставно идеи по кои можеме да се водиме, туку дел од идентитетот. И нормално, кога тие верувања се ставен под знак прашалник, тоа значи дека и ние како личност сме ставени под знак прашалник. А, тоа, секако, боли...

Па, подобро ни е да си ги ставиме прстите во уши, да ги затвориме очите и да викаме на сиот глас „ла ла ла ла ла ла“ со надеж дека работите сами, магично ќе се променат или ќе исчезнат.

Земете за пример личност која не верува во климатските промени. Науката ги потврдила. Научниците ги докажале. Ги сфаќаме аргументите, но проблемот е што некогаш и некаде сме одлучиле дека нема да веруваме во климатските промени или едноставно дека тие се дел од нас како личност, па одбираме да ги игнорираме проблемите.

3te-najvazni-zivotni-lekcii-na-koi-nikoj-ne-ve-naucil-2.jpeg

Ова не важи само за работи кои се поврзани со науката и политиката.

Ова се работи кои се поврзани со нашето секојдневно живеење.

Земете за пример маж кој уште во средно училиште бил убеден дека девојките не сакаат бубалици, сакаат скапи автомобили, мораат да имаат пари за да бидат сакани. Можеби овие верувања послужиле на 17/18 години, но нема да служат и на 32 години.

И така сфаќате дека грешите. Дека целиот живот сте грешеле. Па, следи прашањето како да се промениме?

Реално не постои еден точен одговор, тоа зависи од вашата глава, од вашата подготвеност да се промените, да се препуштите на бурата и да откриете што ве чека на другата страна од морето.

Трета важна животна лекција - Како да дејствувате без да морате да го знаете крајниот резултат

Во текот на целиот наш живот, речиси секоја работа се врзува за одредена цел, за одреден краен резултат кој го очекуваме. Како дете, собата сте си ја чистеле затоа што сте очекувале дека родителите ќе ве наградат. Сте учеле, затоа што сте сакале да се запишете на добар факултет. Се учеле понатаму за да најдете добра работа.

Но, што ако работите не одат баш како што сте замислиле?

Реалноста е дека повеќето работи не одат така лесно во животот не се случуваат и не успеваат само затоа што ние сме си замислиле одредена цел во главата.

3te-najvazni-zivotni-lekcii-na-koi-nikoj-ne-ve-naucil-3.jpg

Факт е дека едноставно треба да правите одредени работи, без да очекувате награда. Без да очекувате нешто за возврат. Без да очекувате успех.

Без да очекувате исполнување на замислената крајна цел, крајна дестинација...

Дури и илјадниците мали неуспеси кои многумина би ги натерале да се откажат, на некому ќе му донесат нешто што може да го нарече успех.

Со други зборови - започнете да си го трошите времето на работи без да очекувате нешто...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg